12 Мај, 2024
0.0258

Apple си доби тужба за намерното успорување на iPhone

Објавено во: Економија 23 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Откако се откри дека Apple применува специјална метода за успорување на iPhone смартфоните кои како што стареат и се губи капацитетот на батеријата, а со тоа намерно се влијае на процесорот за надоместување на енергија со што страдаат перформансите, група на корисници најми адвокат кој ќе поведе колективна тужба.

Според првите тужители Стефан Богдановиќ и Дакота Спис, Apple не ги известил корисниците дека намерно ги успорува процесорите на постарите модели на iPhone како што се троши батеријата, па затоа ќе бараат надомест од технолошкиот гигант.

Со оглед дека станува збор за колективна тужба според американското законодавство може да се приклучат буквално сите корисници кои имаат iPhone постар од една година бидејќи тогаш започнува батеријата да губи од својот капацитет со што се влошуваат перформансите на процесорот на мобилниот уред.

Едно од решението за успорените перформанси е замена на батеријата со нова, но таквата постапка е доста скапа и речиси неисплатлива за тие кои ги менуваат iPhone смартфоните на двегодишен циклус штом им заврши договорот со мобилниот оператор.

Доколку се докаже дека Apple постапил спротивно на правилата и ги загрозил правата на корисниците во САД може да добие огромна казна, а тужителите да добијат стотина милиони долари вкупна оштета која потоа ќе ја поделат меѓу себе.

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно