Арапите го шокираат светот: преседан и невиден потег
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2016
Советот за соработка во Заливот, федерацијата на Саудиска Арабија, Кувајт, Бахерин, Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати, се согласи да воведе ДДВ.
Овие држави најавија дека ќе почнат со оданочување на своите граѓани по прв пат во рамки на радикалната политика која се применува.
Оданочувањето го гледаат како алтернативен вид на приходи, па се надеваат дека на овој начин ќе успеат да ја поместат и намалат зависноста на економијата и граѓаните од производството на нафта и гас.
Како што најавија, целта е ДДВ да се воведе во наредните три години, а здравство, осигурување и 94 прехрамбени производи ќе бидат исклучени.
Саудиска Арабија повлече десетина милијарди долари од глобалните инвестициони фондови во обид да го намали својот буџетски дефицит.
Меѓутоа, таа и покрај тоа водела агресивна надворешна политика, поддржува антивладини сили во Сирија и ја предводеше осуммесечната воена кампања против Иран.