Aрбен Таравари: Има 4 хоспитализирани лица во Ургентниот центар
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Јас се наоѓам во Државната болница во Скопје каде моментално има 4 хоспитализирани лица во Ургентниот центар, објави на Фејсбук, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
„Нивната состојба се третира професионално од страна на медицинскиот тим и јас сум убеден во нивната максимална посветеност за спасување на животите на овие луѓе.
Во меѓувреме во болницата "8 Септември" се хоспитализирани 20 други лица ...
За жал, во оваа несреќа се вклучени поединци од различни возрасти, и сите се од Гостивар ... Ова се тешки мигови за сите нас, молиме Бога да ни помогне!, напиша тој.
Во меѓувреме се чекаат официјални податоци од МВР за несреќата.