Добивај вести на Viber
Со положување на свежо цвеќе на гробот, Велес денеска ја одбележа 200 годишнината од раѓањето на Андреја Дамјанов. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија побараа државата да го сочува името и делото на неимарот и градител од 19 век. Тие посочуваат дека црквите изградени од овој мијачки градител се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. Затоа, сметаат архитектите, не смее да се дозволи во некои книги да стои дека потеклото Дамјанов бил зограф од Србија.
Според Трајко Димитров, преставник на Академијата на архитекти и еден од добитниците на наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“, значењето на Дамјанов за архитектурата е огромно, а неговите дела го надминуваат и денешото време.
Димитров предложи покрај наградата за архитектура за животно дело, која се доделува 23 години, да се воведе и балканска награда за архитектура „Андреја Дамјанов“. Димитров исто така побара да се изгради споменик на Дамјанов во Велес и да се истакне неговото дело важно за целиот Балкан.
Дамјанов е градител на четириесетина цркви низ Балканот, од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина па се до Бугарија. За негово најзначајно дело се смета црквата Свети Пантелејмон во Велес.