Арсовски: Зад иницијативата за смена на Мицкоски стои Владата на Заев
Објавено во: Македонија 28 Август, 2020
Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека иницијативата за вонреден конгрес во насока на разрешување на Христијан Мицкоски од позицијата лидер на партијата е монтажа, зад која стои новата владејачка коалиција.
Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели дека всушност надлежните институции треба да истражат кој стои зад оваа иницијатива.
„Надлежните институции треба да испитаат што навистина се случило со оваа иницијатива и евентуално дали овие институции се под водство на Зоран Заев “.рече Арсовски на денешната прес-конференција.