03 Мај, 2024
0.0325

Атанасов без валидна диплома станал директор на Водовод, кој дозволил да дојде на функција?

Објавено во: Македонија 11 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Александар Атанасов, директорот на ЈП Водовод и канализација, нема добиено потврда од Министерството за образование и наука за валидна диплома за завршено високо образование во странство. 

Според документите кои ги доби редакцијата на Фактор, Атанасов поднел пријава за признавање на професионалните квалификации за завршен факултет во прв циклус на студии. Во пријавата навел дека завршил на факултетот Empire State College во Њујорк, со главно седиште во Саратога Спрингс, Њујорк со стекнато звање Дипломиран економист.

Сепак, министерството за образование и наука врз основ на неговото барање испратило известување во кое е наведено дека од страна на Информативниот центар за еквиваленција и признавање на странски високообразовни квалификации не е утврдено дека неговата квалицикација е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани на последната објавена листа од Институтот за високо образование при шангајскиот универзитет  Џио Тонг, US News and Report и Times Higher Education Supplement World University Ranking.

На овој начин постои сомнеж дека Атанасов нема завршено високо образование, дека лажно навел информации или пак дека неговата диплома е лажна или невалидна, а со тоа дека е незаконски поставен на функцијата. 

Прашањето е кој воопшто дозволил Атанасов да стане директор без соодветен доказ за завршено високо образование што е спотивно на законските одредби?


Според Законот за јавни претпријатија основани од страна на оштините или Градот Скопје како што е во случајот на ЈП Водовод и канализација, изборот на директорите го врши градоначалникот на општината, односно Коце Трајановски.

Изборот се врши врз основа на јавен конкурс. Атанасов беше избран на јавниот конкурс кој беше објавен на 06.12.2014. Меѓу наведените услови се да има Завршено високо образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС, како и уверение за завршено високо образование, оргинал или копија заверена на нотар, меѓу останатите потребни документи.

Атанасов функцијата директор на ЈП Водовод и канализација ја врши веќе од февруари 2015-та година.

Во неговата лична биографија е наведено дека е роден 1985 година, има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја вршел функцијата Генерален директор за шински возила Велес.

Инаку признавањето на странски високообразовни квалификации се врши со цел вработување (професионално признавање) или продолжување на образованието (академско признавање) во Македонија, и тоа е врз основа на Законот за признавање на квалификациите. 

С.Х.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ