Атиџе ЗАСЛУЖИЛА и порано некој да се сети на неа
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020
Преку ноќ жената со име Атиџе стана видлива, позната, пофалувана. И навистина заслужено.
Но, токму таа Атиџе заслужи некој и пред филмот во кој ја има главната улога да се сети на неа. Таа и пред Холивуд живееше со пчелите близу Лозово....
Такви како Атиџе има многу, иако таа е уникат. Ги среќаваме насекаде околу нас, ама се правиме дека не ги забележуваме. А кога некој така брзо ќе се вивне до Холивуд тогаш сите трчаме кон него.
Во екот на јавноста и коемнтари на социјалните мрежи. Се јавија и политичари кои веднаш притрчаа да и нудат и работа...работа? Работа со која ќе ја омаловажувате? Да се стопи во големото ништо ли?
Подобро би било да вложите во нејзината мисија, афирмација на медот и во заштита на медопроизводството наместо да глумите загрижени и лицомерни постапки...
Вака некако гласат коментарите на твитер заедницата која не престанува да критикува и тоа со право.
Подолу издвојуваме неколку твитови токму за Атиџе од „Медената земја“...
Навистина...зошто ја вработија Атиџе во некоја си општина? Да се стопи во големото НИШТО?
Наместо да вложат во промоција на нејзината мисија, афирмација на медопроизводството, заштита на пчеларството, атракција за дома и надвор...?— Булка крај Шините#БојкотирамСеверна (@OTrajkovska) January 21, 2020
Атиџе можеби не ја отсликува Македонија, ок. Но знаете шо ја отсликува Македонија? Дискусијата околу тоа.
Резил.— Lile Pile (@pilelile) January 20, 2020
Ќе ви ја искорумпираат и Атиџе. Власта ве презира и вас и неа. Лошо глумат. За само еден глас на избори би ја фрлиле во ендек и око не би им трепнало. СеверФИРОМ и неговите хуперкорумпирани креатори имаат за мисија да ви ги убијат сите идеали. Зошто кога има идеали, има и надеж.
— Дресер на еднорози (@Gospodinovski) January 20, 2020
Она на Атиџе „Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената„, ако може со големи букви во парламент да се изгравира, во сите судови, институции, и во сите училишта на влез да се стави.
— ДОРЧО (@Dorcobre) January 18, 2020
Се изнасобиравте поени на Атиџе. What if i told you дека има уште мал милион Атиџиња, на кои не обраќате никакво внимание? Ама тие не носат никакви поени.
— Vladimir Barlakoski (@vBarlakoski) January 21, 2020
Инаку, Атиџе си живеела со пчелите во општина Лозово и пред да стане популарна, па да им текне да и го сменат покривот од куќата и да ветат вработување. Лицемерие до небо.
— Неплатен семеен работник (@Nepismen300) January 20, 2020
Значи фасцинантен ми е моментот на неангажирања на локална власт.Еве искочи дека за семејството во велес се бара помош. Пак луѓето се самоорганизираат.Ќе испадне ко за Атиџе, од кога ќе им се помогне,ќе се најде некој утепан градоначалник да фукне тотално непотребна изјава на тв.
— devojcetosokucinjata (@hejter_venus) January 20, 2020
Инфлуенсерки, модни блогерки, курчеви карики, Иванни, Евви, газови, цицки, луј витонки, лобутинки, модни писти, модни списанија календари и кај уште не и им доаѓа Атиџе и место нив ќе гази на црвен килим во Холивуд. Е ради тоа ја сакам и поштуем. Нек им цркнат фацичките лигави.
— ︽☆︽ Чиз™ ︽☆︽ #АΨ (@C4i7Z) January 20, 2020
Најлошата навреда што ја чув денес е информацијата дека градоначалникот сакал да ја вработи Атиџе во општината.
— Darko Arsovski (@dArsovec) January 20, 2020
Веќе гледам прилог за неколку години:
— Saso (@saso_arsov) January 20, 2020
,,Каде е и што прави Атиџе?
- Еве, сите ме заборавија, одвај врзувам крај со крај. Барем пчелите да ми ги оставеа...“
Од премиерата на филмот во јули/август до сега никој не се сети да ја посети Атиџе. Сеа сите на нозе новинари, политичари...
— Аладин (@NemitekviT_User) January 20, 2020
Супер ќе беше доколку на секоја општина би се ангажирала да прошета и да види колку многу "Атиџе" постојат и на колку од нив им е потребна помош.
— मैत्री (@_maitri) January 20, 2020
Хммм дали на местот на Снежа хигиеничарката ќе биде Атиџе ? Ацо седи мирен
— Ѓулендам (@patroitot_15) January 20, 2020
Не треба да и давате на Атиџе.
— Свеж воздух (@di6idlab0k0) January 20, 2020
Треба да и земате, таа што има во душата вие немате.
Атиџе е лик херој во вистинска смисла на зборот.Не холивудски херој од смислено сценарио.Она е херој кој го создава сценариото.Има толку силна енергија што сред пустелија,со својата приказна ги има привлечено Љубо и Тамара да снимаат филм.Од пустелија до Оскари,ете таква енергија
— The X (@Xpoznat) January 13, 2020