26 Април, 2024
0.0281

АВРСМ: Преку мерката Вработување и раст на правни субјекти вработени 450 лица

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

450 невработени лица се вработиле преку мерката Вработување и раст на правни субјекти . Од нив 286 се млади а сите заедно се вклучиле на пазарот на трудот преку мерката Вработување и раст на правни субјекти која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година- Шанса за сите.

Ова го соопштуваат од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија од каде што посочуваат дека повеќе од 50 проценти од вработените лица, односно 286 лица се млади до 29 години. 

За реализација на овие вработувања до сега се исплатени 59.060.500,00 ден од потсметката на Агенцијата за вработување наменета за активни програми и мерки.

Според агенцијата оваа мерка поддржува креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. А за оваа година преку оваа мерка е планирано да бидат вработени 497 невработени лица евидентирани во АВРСМ, а предност им се дава на младите лица  до 29 години и корисниците на гарантиранa минимална помош. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 76.279.000,00  денари.

„Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари,  за лица до 29 години возраст висината на грантот за вработено едно лице изнесува 153.750 денари, а за лица корисници на гарантирана минимална помош  висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари“, пишува во соопштението на АВРСМ.

 Во еден правен субјект според агенцијата е поддржано вработување од најмногу 5 лица.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“