Автобусите од јавниот градски превоз ќе бидат пренасочени
Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2018
Утре, сабота 22.09.2018. година, поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018. година во период од 10 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците во централното градско подрачје.
Автобусите од јавниот градски превоз ќе бидат пренасочени по околните улици, информираат од ЈСП Скопје.
Автобусите што се движат од запад кон исток ќе бидат пренасочени преку улицата „Даме Груев“, а тие во обратна насока, од исток кон запад, ќе бидат пренасочени преку улицата „Свети Кирил и Методиј“. За време на овој времен режим, автобуските постојки на Рекорд нема да бидат во функција.