11 Мај, 2024
0.0254

Азески: „Црвената нафта“ се злоупотребува поради пониската цена

Објавено во: Економија 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Со изедначување на акцизата на Екстралесното гориво со дизелот би се спречиле масовните злоупотреби кои се прават и предизвикуваат дупка во буџетот, но и еколошка штета. 

За Топ Тема, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески рече дека неосновани се реакциите против зголемувањето на акцизата на нафтените деривати, во моментов цената на горивата е многу ниска.

„Во овој момент имаме огромен пад на цената на горивата, пад во потршувачката на горивата, а како човек што познава дека тоа е сериозна ставка во полнењето на буџетот, јас ги знам последиците од таа работа. Како разумен човек, морам да бидам одговорен и да ги земам предвид сите аспекти, тие аспекти говорат дека во овој момент треба да се искористат сите внатрешни разерви пред да почнеме да земаме пари од надвор. А тие внатрешни резерви се да ги оневозможиме сите кражби, да ги оневозможиме сите нерегуларности коишто постојат во државата, да направиме целосна рационализација во државниот апарат, рече Азески.

Додава дека злоупотребата трае подолго време.

„Eкстралесното гориво се злоупотребува кај нас на различен начин со години и поради пониската цена се употребува како замена за дизелот, оценувајќи дека е крајно некоректно во услови кога умираат луѓе и кога се наоѓаме во ваква криза да се толерираат такви работи, вели Азески.

Тој посочи дека несериозно би било да се предлагаат само мерки со кои ќе се земаат пари од Буџетот, а да нема мерки со кои ќе се овозможи и да се слеваат пари.

Изедначувањето на акцизата на „црвената нафта“ и дизелот, освен поголеми приходи во буџетот, според пресметките на Стопанската комора може да резултира и со намалување на емисијата на сулфур во воздухот за 100 пати од 50 илјади килограми, на 500 килограми на годишно ниво. 

Министерството за финансии се уште е во фаза на подготовка на анализи, по што ќе излезе со конкретен предлог до Владата.

Евентуалните злоупотреби државата може да ги реши со изедначување на акцизата на овие две горива, што потоа ќе ја врати на оние корисници што ќе докажат дека го користеле екстра лесното гориво за законски утврдените цели. 

Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?