09 Мај, 2024
0.0244

БАЛКАНОТ ТИВКО ИСЧЕЗНУВА: Се помалку луѓе во државите од екс Југославија

Објавено во: Балкан 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Според проценките на Обединетите нации, бројот на жители во Босна и Херцеговина до 2050 ќе се намали за преку 19 отсто. Србија ќе има околу 17 отсто помалку жители, Хрватска околу 16 проценти.

Црна Гора според прогнозите ќе се намали за околу осум, Македонија и Словенија за околу шест проценти. Прогнозите на домашните демографи пак се уште полоши.

Пет од шест држави настанати од републиката на екс СФРЈ се наоѓаат меѓу првите триесет земји во светот во кои до 2050 бројот на жители ќе се намали. Словенија е триесет и прва. БиХ според проценки на ОН  од 2015, е петта на листата земји кои ги губат жителите, Србија е на осмо, Хрватска на девето место. Црна Гора на позиција 26 а Македонија 29.

Обединетите нации проценуваат дека бројот на жители во Црна Гора од 626 илјади во 2015, низ 35 години ќе падне на 574 илјади, односно дека ќе има 8,2 отсто од населението помалку. Народот исто така е се постар

После силни маки во БиХ во 2013 е направен попис на населението. Се покажало дека во БиХ живеат  3.531.159 постојани жители. Според последниот попис, објавен во екс Југославија во текот на 1991 година во БиХ живееле 4.377.033 жители.

Според податоци од агенцијата за статистика во БиХ природниот прираст во таа земја во 2016 година била негативен. Минус 6254 луѓе. Според проценки на ОН, бројот на жители во Босна и Херцеговина до 2050 ќе се намали за преку 19 отсто. Скоро петтина.

Според проценките на Обединетите нации, помеѓу 2015 и 2050 бројот на жители во Србија ќе падне за околу 17 отсто. Од  8.851.000, на 7.331.000.

Др. Стјепан Штерц , демограф од Географскиот отсек на ПМФ во Загреб говори за „демографски крах на Хрватска“. Коментирајќи ги прогнозите дека природниот пад на населението во Хрватска оваа година би можел да биде и 20 000, др. Шварц проценува дека вкупното население со постоечките трендови за 10 години би можело да падне на околу три милиони жители.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?