Балкански премиер двојно си ја зголеми платата
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2018
Уставниот суд на Косово денеска донесе одлука со која на косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се дозволува двојно да си ја зголеми сопствената и платите на членовите на неговиот Кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со тоа нема ништо спорно во одлуката од декември лани, со која Харадинај си ја покачи платата од 1.400 на 2.950 евра, а двојно ги зголеми и платите на министрите, кои до сега беа околу 1.200 до 1.300 евра.
Споменатата владина одлука не можеше да се реализира до сега, поради тоа што опозициски пратеници поднесоа барање до Уставниот суд да ја испита законитоста на зголемувањето на платите на премиерот и министрите, со образложение дека се работи за конфликт на интереси.