„Банана“ за Перо Антиќ - Нема да добие оштета од американската полиција
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2017
Македонскиот интернационален кошаркар Перо Антиќ со судска пресуда во Њујорк нема право на никаква оштета иако ја тужеше полицијата за инцидент во кој беше приведен заедно со негов соиграч од времето во кое настапуваше за Атланта Ховкс. Тој со биле во ноќен клуб во Њујорк каде се случила голема тепачка,а било употребено и оружје.
Полицијата нив ги издвоила како сомнителни иако воопшто не биле ниту во близина на самиот инцидент. Така за приведувањето и изведувањето пред истражен судија на погрешна основа Сефалоша доби паричен надомест од 4 милиони долари бидејќи полицијата го повредила физички при апсењето но, не и Перо Антиќ кој побара сума од 25 милиони долари.