01 Мај, 2024
0.4198

БАНКИ: Што се случува со штедењето?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Скоро 5,2 милијарда евра тежат вкупните депозити во банките. За прв пат од јуни, 2015, годинава во шестиот месец е регистрирана највисока стапка на раст на штедењето на годишно ниво. Во јуни, според најновите податоци од Народната банка, пораст има и кај денарското и кај девизното штедење. Така, салдото на вкупните денарски депозити изнесува 3,0 милијарди евра, а на девизните 1,3 милијарди евра.

Депозити според валутна структура:

денарско штедење 3 047 056 910 евра

девизни штедење 1 317 398 373 евра

Дел од банкарите потврдуваат дека е регистриран тренд на раст на штедењето, но во изминатиот период е забележано “ависта штедење“.

“Генерално има пораст кај штедњето. Во изминатиот период е забележано ависта штедење, имено во дел од случаите на доспеана рочност или влез на нови депозити, особено физичките лица, одлучуваат парите да го остават на трансакциска сметка, наместо на штедна книшка. Причината за ова ја гледам во ниските каматни стапки за тримесечно и шестмесечно штедење, односно граѓаните по инерција, поради ниските камати, парите ги оставаат достапни на своите сметки во секое време, наместо да ги врзуваат за рочност со камати кои не значат многу за ниските износи на штедење од две или три илјади евра. Овој тренд е типичен и за регионот“ - коментираат од една банкарска групација.

Според анализите на Народната банка, во јуни има пораст на депозитната база и на месечно и на годишно ниво, а удел во тоа има растот и на депозитите на населението но и на корпоративниот сектор, иако со намалена динамика.

“Кај вкупните депозити, во јуни е забележано месечно зголемување од 0,8% кое главно произлегува од растот кај депозитите на домаќинствата, при минимален раст кај корпоративниот сектор . Од друга страна, годишниот раст на вкупните депозити од 7,6%, што претставува највисока годишна стапка на депозитен раст од јуни 2015 година наваму, делумно е резултат и на ниската споредбена основа. Притоа, придонес за годишниот раст на депозитите имаат двата сектора, поизразен на секторот домаќинства“ - соопштуваат од Нардната банка.

Според податоците, на крајот од јуни или заклучно со првата половина од годината, граѓаните во банките чувале 3,5 милијарди евра, а вкупните депозити на приватниот и на јавниот нефинансиски сектор се проценети на 1,3 милијарди евра.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?