01 Мај, 2024
0.0271

БАНКИТЕ ПУКААТ КРЕДИТИ ЗА СТАНОВИ: Колку се гради а колку се купува?

Објавено во: Економија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Банките даваат се повеќе станбени кредити, се уште се градат многу станови од кои поголемиот дел и се продаваат, а расте и цената на станбениот квадрат. Има ли во земјава опасност од ценовен меур на пазарот на недвижнини. Банките „пукаат“ со кредити за станови кои ги нудат со ниски камати па одобруваат како никогаш досега – во исто време на пазарот и покрај зголемената понуда, расте цената на на недвижнините. Сепак нема поголем економски раст, ниту пак висока инфлација. Познавачите оставаат простор дека има ваква можност, но во Народната банка смируваат. Велат дека засега нема простор да се говори за ценовен балон во овој пазарен сегмент иако потенцираат дека ситуацијата се следи. Банкарите се децидни дека станбените кредити кои им ги дале на граѓаните им се стабилни, тврдат дека ќе даваат уште повеќе. Градежниците пак велат дека продаваат поголем дел од тоа што ќе го изградат, иако статистички забележан е раст на бројот на непродадени станови. Бројот на станови пак кои се дадени под хипотека на крајот на минатата година бил безмалку 11 отсто од вкупните изградени станбени единици.

НЕ СМЕ ГО ДОСТИГНАЛЕ „ПИКОТ“ ОД 2009 ГОДИНА

Народната банка регистрира раст на цените на становите во првиот квартал годинава и тоа  било второ тромесечие по ред во кој има ценовен раст. Ова, велат од централната банка, сепак не е раст кој беше забележан во време кога и пукна кризата во светот, а и кога кај нас имаше значајно поскапување односно во 2008 и во 2009 година.

„Имајќи предвид дека периодот на раст на цените е релативно кус, тешко е да се оцени дали ова поместување во ценовното ниво е од привремен или траен карактер. Народната банка внимателно ги следи движењата на пазарот на недвижности, а во моментов сите согледувања покажуваат дека нема простор да се говори за ценовен меур во овој пазарен сегмент“, велат од Народната банка.

Податоците од Агенцијата за катастар за недвижнини од крајот на минатата година покажуваат исто така само во последното тримесечие лани биле продадени 662 новоизградени станови што е за 551 стан повеќе од третиот квартал во 2017 година. Сепак во тој период имало 4.841 стан кои се изградени, а се уште не се продадени и се нудат на пазарот. Во тој период во Агенцијата за катастар на недвижности биле издадени 10.497 листови за предбележување на градба што значи дека тие во тој момент биле во изградба. Она што е карактеристично што додека на пазарот расте цената на недвижнините има постојан раст на побарувачката и продажбата. Станбените кредити кои ги даваат банките на тримесчно ниво растат по околу 15 отсто во просек, а овој тип кредити се со најголем раст од сите други. Банкарите ги даваат со ниски камати оти обезбедуваат и евтини извори на финансирање. Од повеќето банки велат дека имало зголемување на способноста на граѓаните да ги плаќаат кредитните рати, а имало и потреба од домаќинства да купуваат станови затоа што мигрирале од внатрешноста на државата кон главниот град.

КОЛКУ ОД СТАНОВИТЕ СЕ ПОД ХИПОТЕКА

И тие и од Народната банка сметаат дека засега нема влошување на кредитното портфолио на банките во овој дел.

„Квалитетот на станбеното кредитирање е на високо ниво и не дава знаци за загриженост со оглед на ниското учество на нефункционалните во вкупните станбени кредити која на крајот на првиот квартал изнесува 1,2 процент, високата обезбеденост на овие кредити со станбен простор – станбен простор за живеење и издавање за живеење и друг станбен простор која е 86,9 проценти и историски најниското ниво на годишната стапка на ненаплатливост од 0,5 проценти, велат за Фактор од Народната банка.

Инаку во Македонија на крајот на минатата година под хипотека се 111.761 стан или 10,62 отсто од сите станови во земјава. Сепак ако се анализира по градови, не секаде процентот на хипотеките е ист, односно некаде е значајно повисок. Во Неготино над 17 отсто од становите се ставени под хипотека, во Скопје такви се 16,54 отсто од становите а во Гевгелија 14,8 отсто.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?