09 Мај, 2024
0.0250

Банкнотата од 2.000 денари во конкуренција „Банкнота на годината“, Оскарот го доби Швајцарија

Објавено во: Економија 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Швајцарската Народна Банка ја доби престижната награда „Банкнота на годината“ за 2016 година, што веќе дванаесет години по ред ја доделува International Bank Note Society. Во конкуренција беа 120 нови банкноти издадени во светот минатата година, а повеќе од половина беа доволно добри за да се квалификуваат за номинација. Меѓу нив беше и македонската банкнота од 2.000 денари, која котираше доста високо меѓу жирито.

Швајцарската банкнота од 50 франци во најтесна конкуренција ги победи Малдиви, Аргентина и Шкотска.

На победничката банкнота од Швајцарија има дизајни од ветер и глуварче, планина и параглајдер, а беше промовирана лани во април, како прва во новата серија на која има сегменти од природата наместо ликови од познати жени и мажи. Швајцарија подготвува и нова банкнота од 20 франци, која ќе ја пушти во оптек следниот месец.

Претходната, 2015 година, на изборот на „Банкнота на годината“ победи Нов Зеланд со банкнота од 5 долари. 

2 илјадарката ретко кој ја видел

Македонската 2.000-ка ја номинирал членот на ИБНС, Овен Линцмајер.  Носечки мотив на предната страна е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.

Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

Банкотата од 2.000 денари, заедно со таа од 200 денари беа пуштени во оптек на 15 декември минатата година.

                                             

ИБНС е формирана во 1961 година и е непрофитна организација која има за цел да го унапредува знаењето за валутите и хартиите од вредност во светот. Има повеќе од 2000 членови. Изборот на Банкнота на годината почна во 2005 година.

Наградите ги добива онаа банкнота што најдобро ги има компонирано уметноста и безбедноста во тој лист хартија.

Британците бараат повлекување на фунти бидејќи содржат животинска маст

Интересни информации се поврзани со новата банкнота од 5 фунти, за која на крајот на минатата година беше откриено дека содржи животинско масло.

Ова предизвика бес кај вегетаријанците поради користење на животински масти и Банката на Англија сега бара начин да ги смири критиките и да најде друго решение.


Се размислува како замена за животинска маст да користи масло од палма, но тогаш би имало реакции од еколозите дека ја уништува природата и се сечат шумите, како и дека се врши злоупотреба на детскиот труд.

За повлекување на банкнотата и запирање на нејзино производство досега на петицијата се потпишаа 130.000 луѓе. Банката на Англија се спротивстави и одби да ја повлече банкнотата, а дури и најави нова од 10 фунти во септември годинава. Но Централната банка сепак побара да се најдат алтернативни материјали за изработка.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување