07 Мај, 2024
0.0262

Бегалците се шанса за економијата на Германија

Објавено во: Економија, Свет 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Томаш Будниковски - професор по економија на Западниот институт во полскиот град Познан

Германија има потреба од бегалците поради брзото стареење на населението и сè повеќе очигледниот недостаток на работна сила.

Пред неколку дена Ангела Меркел одржа говор за време на конгресот на ХДЗ, чиј копретседател е таа. Германскиот канцелар требаше да е свесен за тоа дека нејзините зборови нема да влијаат само на реките Рајна и Елба, но исто така и во многу европски земји. Правилно очекувавме дека голем дел од говорот на канцеларот ќе биде посветен на проблемот со бегалците. Некој би можел да остане со впечаток дека таа би можела, колку што е можно, да ги задоволи и двете упорно противостоечки земји во однос на масовен прилив на бегалци - оние кои се противат на нивното сместување во Германија, како и оние кои гледаат во мигрантите можност за решавање на проблемот со стареењето на Германија. Меркел не попушти под притисок на баварскиот коалициски партнер, кој инсистираше администрацијата да утврди максимален дозволен износ на миграцијата, но најави постепено намалување на прифатените бегалци.

За време на целиот говор се чувствуваше верувањето дека Германија како земја, ќе биде во можност да се справи со миграцијата. Човек останува со впечаток дека Меркел сака да смири значителен дел од нејзините сонародници кои го прифаќаат негативно зголемениот број странци.

Неволја или надеж Во исто време масовната имиграција може да биде невидена можност за германската економија по најмалку две причини: првата е брзото стареење на општеството, а втората - се повеќе очигледниот недостаток на работна сила. Минатата година бројот на луѓето во работоспособна возраст (15-64 година) е намален за 280 000. Како што прогнозираат за демографијата, за тековната и наредната година падот ќе биде до 320 илјади. Ако нема прилив на странски работници во наредните десет години, бројот на вработените ќе се намали за 4,5 милиони, а економскиот раст ќе се забави од сегашното ниво од 1,5 до 0,5% годишно. Се смета дека ако тоа се случи, ќе биде невозможно да се одржува социјалната помош на сегашното високо ниво. Услов за зачувување на животниот стандард е да се постигне таква состојба, при што бројот на странците ќе сочинува 1/5 од локалните жители на земјата. Се разбира дека е тешко да се предвиди дали ќе се забави темпото на протокот на бегалци. Аналитичарите кои ги изучуваат процесите кои се случуваат на германскиот пазар на труд се надеваат дека тоа нема да се случи. И тие знаат за што станува збор. Доволно е да се потсетиме на интервјуто, кое хамбургскиот "Die Zeit" го направи со шефот на познатиот ИФО економски институт во Минхен Ханс Вернер Зин. Во него тој вели дека услов за зачувување во 2035 година на моменталната врска помеѓу бројот на луѓето во пензија и популацијата како целина е да бидат прифатени околу 32 милиони мигранти, бидејќи голем дел од нив се во работоспособна возраст.

Трошоци, трошоци, трошоци Приливот на толку многу странци, имплицира значителни трошоци. Тие се поврзани најмногу со обезбедување на засолниште на новодојденците, храна, здравствена заштита, како и активности за нивната постепена поширока интеграција. Најважно е дефинитивно учењето на јазик и понатамошна обука или преквалификација.

Се смета дека германскиот даночен обврзник ќе плати околу 12 илјади евра годишно за секој човек, кој одлучи да се врзе за својата иднина со неговата земја. Додека новодојденците успеат да најдат некоја работа, нивните годишни трошоци за останување во земјата ќе растат во врска со нивните социјални бенефиции. Тоа значи дополнително 7.000 евра годишно на имигрант.

Значителни суми ќе треба да бидат потрошени за помош при невработеност. Досегашното искуство со миграцијата покажува дека во почетниот период учеството на странците кои имаат проблеми со наоѓање на константно вработување, е особено високо. Додека во средината на оваа година, стапката на невработеност меѓу Германците беше само 5,4%, тогаш меѓу странците овој процент беше 8.

Сепак, може да се претпостави дека оваа ситуација постепено ќе се подобри поради добрата состојба на економијата на Германија, од една страна, и изгледите за следната година за зголемување на побарувачката на работници, и тоа не само на специјалисти од висока класа, од друга. "Нашите предлози достигнуваат еден милион работни места", рече неодамна во интервју шефот на една од најголемите агенции за вработување.

Инвестицијата на векот Иако се ова огромни трошоци, се чини дека за економистите се прави - внесувањето на бегалци, на кои се гледа како поволна инвестиција, може да обезбеди одржување на германскиот даночен обврзник. Изгледа дека антимиграционите ексцеси и демонстрации, кои ги гледаме во последниве недели по улиците на градовите во Германија, не ги убедиле германските политичари да ја променат стратегијата во овој поглед. Германските економисти уште ги прекоруваат властите во земјата за погрешното решение за одбивање Полјаците и државјаните на другите поранешни комунистички земји-членки да бидат прифатени веднаш на работа по пристапувањето кон Европската унија. Овој пат може да се очекува дека политичарите ќе ги послушаат експертите. Освен тоа, се чини дека значителен дел од Германците сфаќаат дека масовната миграција треба да се гледа не како нужно зло, а, како што велат некои експерти, како можноста на векот. Rzeczpospolita

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?