13 Мај, 2024
0.0275

БЕКТЕШИ ОСТРО: Читајте ја владината програма, субвенциите нема да бидат само за Албанците, туку за сите етникуми

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши е дециден дека ДУИ нема да отстапи од вработувањата на помалите етнички заедници, дека тоа го има во програмата на Владата, но дека оваа мерка нема да важи само за Албанците, туку за сите етнички заедници, па дури и за Македонците. 

Тој се обрати до сите оние кои по неговата изјава давале коментари, и ги повика да ја прочитаат добро владината програма.

А за неговата изјава вчера коментар даде Биљал Касами од БЕСА, од коалицијата Можеме. 

Неодамна, пак, ова барање го коментираше вицепремиертот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој е од СДСМ.

„Јас и вчера го кажав мојот личен став, а тоа е и став на Министерството за економија, нашите сектори ќе работат на креирање на такви мерки, а за коментарите што ги чув вчера од политичари и аналитичари, јас би сакал да ве повикам на владината програма која се усвои од Собранието, ние како функциобери и членови на Владата секако дека сме задолжени да ја почитуваме и истовремено да ја реализираме, бидејќи за таа програма и ја добивме довербата од граѓаните. Што се однесува до овие мерки, веќе се разгледуваат и неколку опции како тие од наредната година да почнат да се реализираат, а детално би ве повикал на поглавјето во владината програма со наслов „Еднакво опшетство за сите“, на страницата 39 параграф три ќе видите како приближно ќе изгледааат мерките. Ова е повик до политичарите да ги читаат владините програми пред да даваат коментари, особено тие политичари кои ја добиле довербата да владеат во четиригодишниот мандат, бидејќи за таа програма и тие гласале“, рече Бектеши.

На прашањето дали знае дека официјлниот став од Владата е дека во програмата навистина постои дел „Еднакво општество за сите“, но дека ќе се помагаат вработувањата без разлика на етничка припадност, а сега се бараат субвенции по етнички клуч, тој рече дека секако дека е запознаен, нагласувајќи дека оваа мерка ќе важи за сите заедници во земјава. 

„Ова не значи само за Албанците, туку за сите етнички заедници во нашата држава. Зависно од структурата во компаниите, секоја компанија која ќе ја подобри етничката застапеност, било за Алнабците, Турците, Ромите, Србите, Македонците, секако дека ќе предвидеме такви мерки за да ги поттикнеме и охрабруваме компаниите на такви мерки во согласност со тоа што се начелата на нашата Влада“, рече Бектеши.

На прашањето дало ќе се залпожи за оваа мерка со ребалансот, колку пари ќе требаат и дали ќе важи за сите приватни фирми на цела територија на земјава, Бектеши со одговор дека вчера не рекол дека со ребалансот ќе почне таа мерка, туку со наредниот предлог буџет за 2021 година.

„Со новиот предлог буџет за 2021 година ќе разгледаме вакви мерки. Тука не влегуваат само Албанците. Има реакции и од политичари кои не се дел на владата даваат коментари. (тука веројатно мисли на Касами -Н.З.) Се работи за сите етникуми во нашата држава. Ќе креираме такви мерки за да го охрабриме и приватниот сектор паралелно да работи на начинот како јавниот сектор. Не велиме дека ако некој ако е од некоја етничка заедница и тој автоматски да има предност да се вработи. Туку ако тој ги исполнува критериумите од јавниот повик на некоја фирма и е квалитетен за тоа работно место, и ако се прими од менаџментот на фирмата и тоа го зголемува процентот на било која заедница, тогаш ние тие фирми ќе ги охрабруваме со определени субвенции“, рече Бектеши. 

На прашањето колку ќе чини оваа мерка тој нагласи дека МФ работи на новиот буџет 2021 во консултација со стопанските комори. „После овие консултации ќе предвидиме буџет, а овие мерки слободно можат да се реализираат и од АВРМ, бидејќи сме имале такви мерки и во минатото“, рече Бектеши. 

Тој тврди дека овие вработувања не треба да се нарекуваат етнички, иако јавноста сакала така да ги нарекува. Но, тие нема да важат само за еден етникум. 

Прашан зошто пресот го почнал на Албански јазик Бектеши рече дека не му е прв пат да почне прес на Албански јазик, бидејќи тој е службен во земјава. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката