07 Мај, 2024
0.0224

Бектеши во Струга бара одморалишта за бесплатно летување

Објавено во: Економија 05 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Подготовките за туристичката сезона и интересот на граѓаните за владината мерка за поддршка на локалниот туризам со бесплатен одмор за работници со ниски примања, беа тема на денешната средба во Струга на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на Здружението на хотели, ресторани, кафулиња и автокампови (ХОТАМ).

- Досега се поднесени 835 барања за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата, информира Бектеши.

Тој потенцираше дека по минатогодишниот пилот проект за поддршка на внатрешниот туризам кој даде видливи резултати, Министерството за економија продолжува со истата мерка и оваа година, во соработка со приватниот сектор. За користење на мерката работниците со ниски примања можат да аплицираат до крајот на месецов, врз основа на принципот „Прв дојден-прв услужен".

Бектеши пред хотелиерите рече дека Министерството за економија и Владата се посветени на туризмот како кон прироритетен економски сектор и веќе се преземени низа активности со што Македонија станува сè повидлива дестинација на туристичката мапа. 

- Доказ дека овие активности се во вистинска насока, се статистиките според кои во последниве години бројот на странски туристи е зголемен со над 100 проценти. Ако овој тренд на раст продолжи, оч екувањата се дека до 2020 година, бројот на туристи ќе изнесува повеќе од милион, а над три милиони ќе бидат бројот на ноќевањата. Бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид се зголемува благодарение на чартер-летовите и 33 директни линии до најважните европски дестинации, рече Бектеши. 


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот