28 Април, 2024
0.0324

„Бела ноќ“ во Скопје

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржи вечер во Скопје, откако на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и улични перформанси.

Во Музејот на град Скопје, Музејот на современата уметност и Младинскиот културен центар ќе биде поставена голема изложба на американски „Поп­арт“. Станува збор за лепеза од повеќе од 100 графички дела, од Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист. Од МКЦ потенцираат дека делата на поп­ артистите пред сѐ упатуваат на потрошувачката култура, маркетингот и јавните гласила. Поп­-артот е инспириран од дадаизмот за да дозволи хуморот, иронијата и критиката да бидат дел од нивните дела како вид уметничка стратегија.

Во 21 часот на Плоштадот „Македонија“ ќе се одржи звучно­светлосен перформанс на француската спектакл­трупа „Compagnie des Quidams“. Трупата е формирана пред 22 години, и досега има гостувано во повеќе од четириесет држави на повеќе континенти. Compagnie des Quidams ја сочинуваат дваесетина уметници од театарот, музиката, циркусот, останати сценски изведувачки уметности... Во „Бела ноќ“ ќе настапат со нивната последна продукциска претстава „FierS ? Cheval“.

Петнаесетина минути по настапот на француската трупа, ќе се одржи уште еден уличен театарски перформанс, дело на полска трупа. Таа ќе „доплива“ на Плоштад со 30­метарска арка која претходно ќе плови по скопските улици.

Перформансот именуван „Арка“, ќе потсети дека се уште живееме во доба на бегалци, скитници, номади, кои патуваат низ континентите и си ги затоплуваат душите со спомените од домот, без разлика дали тој дом е духовен и/или етички, небесен и/или географски, реален и/ или пак имагинарен.

Програма од „Бела ноќ“ ќе има и во Младинскиот културен центар. Таму ќе се одржи концерт на култната белградска група Дисциплина кичме, по повод издавањето на новата плоча именувана „Опет“. Ќе настапат и швајцарските рокенрол/блуз/гараж херои „Roy и the Devil's Motorcycle“ и македонскиот инструментален пост рок квартет „Кхара“. Целовечерни концерти ќе има и во Денсинг салата на МКЦ и во Џебното кино.

И годинава манифестацијата „Бела ноќ“ ќе биде збогатена со филмскиот маратон под отворено небо во Градскиот парк и со изложби во Културно­информативниот центар.

Организаторите на манифестацијата информираат дека и годинава влезот во Золошката градина ќе биде бесплатен од пладне до 18 часот. Бесплатно ќе биде и возењето со автобусите на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, во период од 19 часот до раните утрински часови. 


Можеби ќе ве интересира

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин