06 Мај, 2024
0.0245

Белгија и Аргентина најголеми извозници на коњско месо во светот

Објавено во: Свет 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Белгија со вкупен извоз од 70,93 милиони евра е најголем извозник на коњско месо во светот. Втора на листата е Аргентина со извоз на коењско месо во вредност од 62,8 милиони евра, по што следи Канада (59,9 милиони евра), Мексико (35,13 милиони евра) и Полска (34,01 милион евра). Според податоци на Меѓународниот трговски центар добиени врз основа на статистиката на ОН, најголеми увозници на коњско месо во светот се Италија (88,62 милиони евра), Белгија (76,39 милиони евра), Франција (69,45 милиони евра), Русија (55,66 милиони евра) и Швајцарија (38,27 милиони евра). Романија е еден од најголемите извозници на коњско месо светот. Во 2011 година земјата извeзла коњско месо во вредност од 13,1 милион евра, што ја става на петто место во Европа, по Белгија, Полска, Франција и Холандија, и на деветто во светот, наведуваат романските медиуми. Во светски рамки во 2011 година извозот на месо од коњи, мазги или магариња изнесувал 411 милиони. Според романските медиуми, во 2011 година Романија извезла месо од коњи, мазги или магариња во вредност од 13,1 милион евра, наспроти 10,8 милиони евра во 2010 година, покажуваат податоците на Националниот статистички институт. Во 2009 година извозот изнесувал 7,9 милиони евра, наспроти 8,4 милиони евра во 2008 година и 7,9 милиони евра во 2007 година. Главните пазари за романскиот извоз лани биле Белгија, Бугарија, Италија и Полска. Истовремено, увозот на вакво месо во Романија бил незначителен. Во 2011 година Романија е увезно коњско месо во вредност за само 6.460 евра од Италија и Унгарија. Романија се најде во центарот на аферата со коњско месо во ЕУ, откако беше обелоденето дека откриените говедски месни производи што содржеа ДНК на коњи, биле изработени од месо со романско потекло  

Можеби ќе ве интересира

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија