Белград не сака да чуе за обединување на Косово со Прешево
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2017
За српскaта премиерка, Ана Брнабиќ дека прашањето за повторно обединување на Косово со Прешево не е „отворено за дебата“.
Запрашанa дали разговарала со националните совети за барањето за обединување на јужната српска територија со Косово, таа рече дека не се зборува за ова прашање.
„Тема на разговор се институционалните механизми во согласност со Уставот и законите на Република Србија“- рече таа.
Претходно лидерот на „Демократското движење за демократија и прогрес“, Јонуз Муслиу изјави дека Србија треба да го прифати референдумот од март 1992-ра година во склад со меѓународните закони, кои дозволуваат самоопределување на автохтоните народи.
„Референдумот е израз на волјата и законско право на автохтониот народ, во овој случај на Каталонија, што е загарантирано со меѓународното право. Референдумот на етничките Албанци од Прешевската долина исто така е легитимен и гарантира мир и стабилност меѓу Прешевската долина и Србија“- изјави тој.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им вети на Албанците од југот на Србија дека наскоро ќе може да добијат државјанство и пасоши на Косово.