Белорусија купи компири од Македонија затоа што нивните биле скапи
Објавено во: Економија 22 Септември, 2021
Украина стана најголемиот извозник на компири во Белорусија за седум месеци од 2021 година, откако достави 15,5 илјади тони за земјата, пресметаа аналитичарите на порталот ИстФрут на украинската асоцијација за овошје и зеленчук (УПОА), пренесува РИА Новости.
"Најголемиот снабдувач на компири за Белорусија во првите седум месеци од 2021 година беше Украина, од каде што беа увезени 15,5 илјади тони зеленчук. Белорусија, исто така, купи компири од Русија, Азербејџан, Северна Македонија, Египет и Германија", пишува изданието.
Белорусија е позната како извозник на компири, но цените во овој период повисоки отколку во сите други земји во регионот. Сега се продаваат во просек 70 отсто поскапо од вообичаеното во овој период од годината.