Берзата со рекордни бројки остварен промет
Објавено во: Економија 04 Мај, 2018
Рекорден раст на прометот е регистриран на Македонска берза за еден квартал .
Со истргувани акции и обврзници во вредност од 82 милиони евра годинава Берзата го постави најдобриот остварен квартал во последната деценија.
Ова го соопшти Иван Штериев, извршниот директор на Македонската берза денеска од Охрид на стартот од годишната конференција на Македонска берза.
И покрај супер бројките, Штериев кажа дека не треба да посегнуваме по розевите очила бидејќи можат да ни го заматат погледот кон иднината.
„Првото тримесечје годинава е најдобриот квартал во последната деценија, и како вкупен промет и како тргување во БЕСТ системот. Подобри перформанси немало од 2008 година. Настрана блоковите – на кои отпаѓа речиси 70% од прометот и коишто се пораснати за над 900% во споредба со претходниот квартал - расте и тргувањето со акции и обврзници во БЕСТ (41%, односно 210%). “, рече Штериев кој за споредба напомена дека за целата 2017 година, за илустрација, овој податок изнесува околу 77 милиони.
МБИ индексот во првиот квартал од оваа година бележи раст од 16 %.