28 Април, 2024
0.0266

БЕСИМИ: Никогаш не реков дека Владата ќе ретерира од еколошката такса, туку дека за тоа утре ќе одлучува

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната пресконференција, по неколку инсистирања на новинарите, кажа дека Владата нема да ретерира од намерата да воведе еколошка такса на горивата од 3,5 денари.

Како што е познато, бизнис заедницата се крена на нозе против воведувањето на оваа еколошка такса, заедно со транспортерите од МАКАМ Транс, но и граѓаните, кои стравуваат дека оваа давачка значајно ќе ги зголеми трошоците на живот и ќе ја подгрее инфлацијата.

Бесими вели дека утре за тоа прашање ќе одлучува Влада, при што измените на Законот за животна средина, со кои всушност ќе се воведе еколошката такса, не биле во надлежност на неговиот ресор, туку кај Министерството за животна средина. 

„Јас никогаш не реков дека Владата планира да се повлече од носењето на одлуката за еколошката такса, туку само дека утре ја носи одлуката. Јасс не можам да зборувам во име на цела Влада. Тоа не е во надлежност на МФ, туку во надлежност на Министерството за животна средина“, рече Бесими.

Тој очекува дека законските измени утре ќе ги донесе Владата и се надева дека ќе се стигне Собранието да ги изгласа до први јули, со оглед што тие одлуки е најавено дека ќе почнат да важат од први јули. 

Инаку, бизнис заедницата оваа недела ќе има средба со владини претставници на која уште еднаш ќе се бара Владата да отстапи од намерата за воведување на еколошката такса.

Но, Бесими не се согласува дека еколошката такса се носи без комуникација со деловните луѓе, бидејќим, како што вели, Владата била во постојана комуникација со бизнис заедницата.

Првиот финансиер тврди и дека оваа еколошка такса немало да ја подгрее инфлацијата, односно дека останува на својот став кој го има во ребалансот, а тоа е дека инфлацијата ќе биде 2,1 отсто, како и дека растот ќе биде во втората половина од годината, но дека ќе биде од привремен карактер.

Инаку, Владата утре треба да ја донесе и одлуката за намалување на ДДВ то на струјата од 18 на 5 отсто, со тоа што ДДВ то опо една година би се зголемило на 10 проценти и за три години да се врати на 18 отсто. 

„Ова е со цел да се намали ударот врз граѓаните односно да им се помогне при транзицијата до целосната либерализација на пазарот“, рече Бесими.

Н.Н.Ф.   

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување