05 Мај, 2024
0.0339

“Без будилник”: Зелениот дијамант и мермерни плажи на Тасос

Објавено во: Стил 15 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Мермерни плажи, ситен песок, маслинови дрвја, непрестајна песна на цикади и античка историја. Тоа е Тасос, единаесеттиот по големина грчки остров, кој се наоѓа во северно Егејското Море и е најблискиот до Бугарија.

Патот до него е краток. Се стига со ферибот од Керамоти за половина час или од Кавала за час и 45 минути.

azurno more

Прекрасната природа, кристална вода, чистите плажи и зачуваните грчки традиции го претвораат островот во посакуваната дестинација и очекувано во лето - туристите на островот се илјадници.

Сезоната на Тасос сепак е за месец пократка од онаа на континентот, бидејќи во средината на септември ветровите ги бркаат туристите, а оските стануваат господари.

Набљудуван оддалеку, Тасос личи на потоната планина во морето , прекриена со медитерански бор, кипариси и зимзелени грмушки. Во крајбрежните градини се одгледуваат маслинки, смокви, калинки.

Лименас или како што го нарекуваат мештаните Тасос, е главниот град на островот. Таму е и пристаништето од каде тргнуваат фериботите за Керамоти. Во Археолошкиот музеј во градот можат да се видат предмети од VII век п.н.е  до почетокот на минатиот век.

Во Стариот град се наоѓаат светилишта на Артемида и Дионисиј, а на ридот се наоѓаат Античкиот театар, Акрополот и храмот на Атина.

Друга интересна дестинација е старата престолнина на островот - Панагија.

azurno more2

Прошетката низ тесните улички покрај белосаните и покриени со камени плочи наместо со керамиди ќе ве врати доста назад во времето.

Не е за пропуштање и рибарското село Алики која се наоѓа пагански храм, изграден во VII век п.н.е.

Алики е можеби најубавото место на бреговите на Тасос и се наоѓа на источниот крај на островот, на 32 километри од Лименас.

Постојат два прекрасни заливи. Едниот е наречен "Заливот на сирените" и е мал, но длабоко се издвојуваа и стрмно слегува во морето на камениот нос, кој е познат под името "Светата карпа на Тасос" и ги одделува заливите еден од друг.

На носот има древни мермерни ископи и показатели како се добивал и пренесувал мермер пред многу векови - за време на Грчката, Римската и Византиската империја.

Во населбата има и остатоци од пагански храм и од бројни други згради од VII од век п.н.е. Сето ова сведочи за античката историја на Алики, која покажува дека пред многу векови населбата имала доста повеќе жители отколку денес.

azurno more3

Лименарија е вториот по големина град на Тасос, по Лименас. Во поширока смисла неговото име значи "помалиот град". Лименарија е лоциран на југозападниот брег на Тасос и е основан од жители на планинскиот населба Кастро едвај во ХІХ в.

Таму во 1903 година германскиот индустријалец Фридрих Шпеидел добива дозвола за ископување на руда. Тој вработува италијански архитект, кој дизајнирал уникатна куќа за тоа време , која сепак сега, иако е споменик на културата, тоне во пропаст.

Покрај плажите и приморски населби вреди да се посетат и малите планински села. Таму луѓето се уште се занимаваат со одгледување на маслинки, на кози и пчели. Насекаде нудат мед, зачини, локално маслиново масло, а и узо.

azurno more5

Кастро е најстарото место на островот и се наоѓа во планината, североисточно од Лименарија. Името на селото буквално значи "замок" .

Селото е сместено во планината и не се гледа од брегот. Неговото место не е избрано случајно, бидејќи целта била да се заштитат жителите на селото од околните пирати.

Близу до Кастро се наоѓа Теологос, што значи "зборот на Бога". Во 1880 година ова село било со најбројно население - 2200 лица и заради религиозноста на Грците им било потребно да биде изградена уште една црква, иако во селото веќе имало една, еден женски манастир и еден манастир, основан од монах од Атон.

Теологос е едно од најпознатите села на островот, привлекува илјадници посетители со својата природна убавина и долга историја. Потонал во зеленило, селото може да се пофали со своите антички куќи со високи оџаци и покриви од камени плочи. Урнатините на кулата и ѕидините сведочат за основањето на Теологос од грчки бегалци од Константинопол во XVI век .

Ако го шетате Тасос со автомобил ќе видите илјадници маслинови дрвја, а и поради тоа тој се нарекува маслинов остров.

Велат дека најубавите плажи на Тасос се Христо Амудија, Парадисос, Псили Амос, Алики и Трипити, но има и многу други скриени, но не помалку убави од нив.

azurno more6

Поголемиот дел од морското дно во близина на брегот на Тасос е покриено со камења или прошарани со карпи. Мора да внимавате и на морски ежови, па купете си специјални чевли за влез во морето.

За нуркачите пак островот е рај, бидејќи во селото Астрис, на неколку километри од Лименарија и Потос, на јужната страна на островот, се наоѓа Гола.

Тоа е природна морска лагуна, вгнездена во карпите до морето. Личи на базен со димензии околу 20х15 метри. Самите карпи околу неа се терасовидно распоредени и не е тешко да се оди по нив, но нема песок, ниту сенка.