Без вода дел овие скопски населби
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2018
Поради уличен дефект ф 2“ на ул.Виетнамска бр.64 во нас.Шуто Оризари, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Виетнамска од 11:30 часот до санирање на дефектот, информираат од Водовод и канализација.
Поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на Бул.Александар Македонски бб во нас.Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Земјоделски факултет, Шумарски факултет, Природно математички факултет и црквата св.Михаил и Архангел од 12:00 часот до санирање на дефектот.