26 Април, 2024
0.0278

БЕЗОБРАЗЕН ТРАМП: Илегалните имигранти се „животни и садистички криминалци“

Објавено во: Свет 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Доналд Трамп, којшто речиси никогаш не се труди да одбере убави зборови, ги нарече животни, илегалните имигранти во Калифорнија.

Оваа изјава беше кажана на тркалезната маса за градовите во САД кои им даваат засолниште на имигрантите.

„Ги протеруваме луѓето од земјата. Не можете да поверувате колку овие луѓе се лоши“, рече синоќа Трамп за време на разговорите за градовите во Калифорнија кои одбиваат да соработуваат со имиграциската служба на федерално ниво.

„Тие не се луѓе, тие се животни. Ги протеруваме од земјата со брзина која досега не сме ја имале“, рече американскиот претседател, додавајќи дека законот во Калифорнија им нуди засолниште на „опасни престапници кои се едни од најнасилните во светот, како што се членовите на групата МС- 13 криминалните банди од Салвадор.“

Трамп додаде дека „невини мажи, жени и деца се на милост и немилост на садистички криминалци“.

Неговата изјава предизвика жестоки реакции на демократите кои рекоа дека имигрантите се човечки суштества.

„Тие не се животни, не се криминалци, не се шверцери на дрога, не се силувачи. Тие се човечки суштества“, рече демократскиот пратеник Џаред Полис од американската сојузна држава Колорадо.



Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек