Бибер: ЕУ доцни со заканата за санкции кон македонски политичари
Објавено во: Македонија 30 Април, 2017
Во интервју за австриски Стандард, професорот Флоријан Бибер вели дека ЕУ доцни со заканата за санкции кон македонски политичари. Тој ја критикува лажната солидарност на ЕПП со ВМРО-ДПМНЕ, објави Дојче веле.
„ЕУ предолго чекаше и веруваше дека кризата во Македонија ќе се расчисти сама од себе. Тоа е наивно. ЕУ си има работа со автократи за кои постои или апсолутна моќ или затвор, затоа што се вмешани во тежок криминал. Колку подолго еден таков режим е на власт, толку подолго ќе може да ја злоупотребува демократијата, и дотолку е потешко да се промени состојбата“ - вели Бибер.
Австрискиот професор оценува дека не е грешка што во Македонија се направи обид за „мека смена“ на автократскиот режим- преку избори, туку во тоа што на режимот не му беа поставени јасни услови уште пред изборите за напуштање на власта.