11 Мај, 2024
0.0252

Битиќи: Одлуката за боледување поради Ковид-19 важи за сите

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека ќе важи за сите владината одлука вработените кои имаат симптоми или се заболени од ковид-19 како и лицата кои се во изолација, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се позитивни на Ковид-19, да ја добиваат целата основица од нето-платата додека се на боледување поради привремена спреченост за работа,.

- Одлуката важи за сите. Товарот како обврска го превзема Фондот за здравствено осигурување. Остануваат истите правила за првите 15 дена обврската да биде кај  работодавачат, а после обврската ја превзема Фондот. Беше проблематична уредбата околу тоа колку отсто треба да се плати, бидејќи Ковид-19 не е вкрстен со другите болести и тоа беше дилемата, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање.

Вицепремиерот додаде дека нема дискриминација кон приватниот сектор кога администрацијата работи од дома. Јавната администрација, како што вели тој, е на работа, а ротирањето само значи дека во одреден момент некои работат онлајн. 

- Ниту сограѓаните од администрацијата не се имуни на болеста. Тие кога се ротираат работат од дома онлајн. Не работат со намален капацитет. Тие од мојот кабинет работат постојано од дома. Тука нема дискриминација и привилегија, додаде Битиќи.





Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?