Биткоинот урива рекорди: Што ја крена вредноста на виртуелната валута?
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017
Електронската валута биткоинот го надмина досега невиденото ниво од 1200 долари во раната азиска сесија во петокот. Причината за постигнатиот нов рекорд се шпекулациите дека наскоро регулаторите во САД ќе го одобрат формирањето на првиот берзански тргувачки фонд (ETF) кон биткоинот.
Досега традиционалните финансиски играчи ја избегнуваа криптовалутата, бидејќи ја смета за премногу комплексна за анализа, ризична, а реалната нејзината вредност - сомнителна.
По создавањето на електронската валута во 2008 година, неговата вредност расте речиси секоја наредна година.
Пресметките на Reuters покажуваат дека пазарната вредност на сите биткоини во оптек веќе се речиси 20 милијарди долари - горе-долу што е големината на економијата на Исланд.
Според некои аналитичари одобрение за основање на ETF би ја направило криптовалутата атрактивна за претпазливи институционални инвеститори.
Комисијата за хартии од вредност и берзи треба да одлучи за фондот до 11 март. Барањето за создавање на првиот фонд е пред 4 години.