26 Април, 2024
0.0309

Битола преку Илинденски денови ќе биде центарот на светски фоллкорни ора и танци

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Над 1000 учесници од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел преку ора и танци ќе ја прикажат народната културна традиција на ансамбли на овогодинешното 49-то издание на интернационалниот фестивал Илинденски денови. Настанот ќе се одржи на различни локации во Битола од 27-ми до 31-ви јули, во организација на НУ Центар за култура Битола.

„Фестивалските денови ќе почнат со претпрограма, ретроспективна изложба „60 години творештво на Панде Петровски“, а во пресрет на свеченото отворање на 27-ми јули, ден претходно ќе отвориме изложба за абориџинската култура која ја подготвивме во соработка со Амбасадата на Австралија во Белград. Оваа година востановивме и новина, односно фестивалски карван кој ќе се реализира во општините Демир Хисар и Новаци. Настанот ќе го завршиме со концерт на музичарите кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ“ истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола.


Фестивалот претставува столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.

„Илинденски денови се единствениот македонски фестивал на картата на светските фестивали со сертификат на CIOFF. И оваа година на фестивалот ќе бидат презентирани автентични и изворни македонски вредности за што ќе се погрижат 30 фолклорни ансамбли од државата, но и од странство, кои ќе пренесат пораки за мир, соживот, развој и чување на автентичната култура“ рече Валентин Соколевски, селекторот на фестивалот.

Илинденски денови се одржува под покровителство на Собранието на Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Андоновска Илијевска како прв човек на НУ Центар за култура Битола за една година заедно со целиот тим, реализирала три интернационални фестивали, голем број на концерти, фестивали, промоции, изложби, интересен податок е дека киното работи со голема посетеност и одличен репертоар. Со сопствени средства направени се инвестициони вложувања во опрема важна за функциониарње на институцијата. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“