26 Април, 2024
0.0258

Бизнис Акцелераторот УКИМ домаќин на лабораторијата за иновации на Дојче Телеком од Германија

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Бизнис Акцелераторот УКИМ ја зајакнува регионалната поврзаност со клучните актери од Европа и беше домаќин на Лабoраторијата за иновации на Дојче телеком од Германија (Т-лабс), во рамките на Глобалната недела на претприемништво во Македонија.

Во Центарот за трансфер на иновации и технологии – ИНОФЕИТ, денеска, г. Џон Калиан, раководител, преку презентација на услугите на Т-лабс, дискутираше со претставниците на телеком операторите, академската заедница и стартапите за предизвиците во телеком индустријата и за ефектите од соработката на овие сектори во креирање нови иновативни решенија за потребите на  индустријата.

Џон Калиан го претстави концептот кој го применува Т-лабс, при што се опфаќаат најнови технологии, осознавање на проблемите заедно со клиентите, охрабрување на тимот да креира минимум вредни производи (MVPs) преку партнерство со деловните единици, со цел да се креираат идни приходи во Телеком индустријата.

Со оваа посета се идентификуваа можностите за примена на технолошки решенија кои ги развиваат стартапите не само во телеком индустријата во Македонија, а особено можностите за соработка со Т-лабс.

Александар Стамболиев, извршен директор на Акцелераторот УКИМ, истакна дека клучна активност на Бизнис Акцелераторот УКИМ е да им овозможи на македонските иноватори и стартапи пристап до: глобалното знаење, потенцијалните клиенти и неопходните инвестиции. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“