08 Мај, 2024
0.0300

БИЗНИС ФАЦИ,Николовски: Секој успех е триумф на упорноста!

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, од тивок и незабележителен шеф на кабинет на лидерот на СДСМ Зоран Заев до најгласен критичар на земјоделските политики на власта кој остави сопствен печат кај земјоделците.  

Наташа Стојановска

Минатата година до последен ден ја вршеше функцијата дополнителен заменик министер за земјоделство. На политичката сцена дојде како нов лик. Стана препознатлив обелоденувајќи ги, како што велеше, коруптивните афери за начинот на кој се делеле парите од министерството. 

Речиси секој трет ден имаше прес конференција, објавувајќи документи, според кои голем дел од тендерите ги добивале луѓе блиски на власта, како што се бизнисмените Сеад Кочан и Љубисав Иванов –Ѕинго. Тоа беше само еден од доказите врз кој Николовски велеше дека го аргументира тврдењето оти парите наместо кај вистинските земјоделци завршуваат кај функционери блиски на власта, кои патем поседуваат или си отвораат медиуми преку кои се засилува медиумската поддршка за владата.

Сепак, на пресовите на Николовски не изостанаа демантите од неговиот  лут противик, министерот Михаил Цветков, кој е кадар на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов –Ѕинго.

Николовски во неговата матична партија важи за неуморен, амбициозен и доверлив,  воден од максимата дека „Секој успех е триумф на упорноста“.  Сепак, за лутите конкуренти од спротивниот политички табор тој е само лик кој сака да биде во медиумите, да манипулира со земјоделците за дневно-политички потреби, на што пак Николовски возвраќа: „Нарекувајте ме како сакате, но нема да запрам да ги објавувам скандалите и коруптивните зделки што се правени“.  

Па така, изминатата година во ресорот земоделство, се отворија серија прашања, за кои доправа ќе се чека разрешница.

Николовски постојано ја потсетуваше власта дека не реагирала навреме за ширењето на болеста „Јазлеста кожа“, но и дека не превземала соодветни мерки. За да ги спротивстват аргументите, седнаа на дебата со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски кој пак го тврдеше спротивното. По жестоката реторика, остана на земјоделците, оние кои беа директно засегнати, да пресудат во чија папка лежеше вистината. Николовски,  алармираше и дека на пазарот се продава забранет енергетски пијалок, Поповски демантираше. Само неколку дена подоцна, неколку тинејџери добија труење со енергетски пијалоци. За Николовски тоа беше аргумент дека ја зборувал вистината, за Поповски пак тоа повторно беше обид за манипулација, бидејќи проблемот не бил во пијалокот, туку во тоа кој им го продал на децата, а не смеел, и во колкави количини тие пиеле.  

Николовски, објавуваше имиња на функционери кои добивале државно земјоделско земјиште, а поднесе и неколку кривични пријави. Сепак, овие случаи досега не добија никаква разрешница.

Се соочи со блокади, но истовремено беше обвинет дека тој прави опструкции. Целата година измина во обвинувања и за тоа дека нема пристап до потребната докуменатција, па дури и сопките одат до таму што не му е доделна соодветна просторија за него и неговиот тим. Но, следуваа и контраобвинувања од власта дека токму Николовски создава паника кај земјоделците и граѓаните со неоснованите пресовите со кои се отвори сомнежи за тоа каква храна се увезува во Македонија и како тоа се контролира.

По сите овие настани и средбите меѓу Цветков и Николовски не поминале без високи тонови.

Власта го обвини дека Николовски е безидееен и дека токму поради тоа шири невистини на неговите прес- конференции, но Николовски доби нов адут во рака, потпишан од Државниот завод за ревизија, каде во неколку ревизорски извештаи за ресорот земјоделство беа констаирани серија неправилности и злоупотреби. Па препукувањата повторно продлжија. Николовски тврдеше дека се што зборувал повеќе од една година го потврдиле и од Државниот завод за ревизија, а Цветков, возврати дека ниту ревизорите не може да знаат се, и дека доколку знаат тој би ги земал да работата во министерството за да ги решат проблемите.

Николовски за кратко време стана препознатлива политичка фигура, но не само кај земјоделците, па лидерот на партијата Зоран Заев  му ја довери и одговорноста да биде носител на листа во Изборната единица 3, со оглед дека потекнува од Крива Паланка, град што е во склоп на оваа Изборна единица. Иако во оваа изборна единица победи  ВМРО - ДПМНЕ, сепак  разликата во однос на претходните избори е намалена.  

Веќе неколку дена Николовски е пратеник во Собранието, а дали ќе остане таму или пак ќе се најде на нова функција ќе зависи од тоа кои ќе бидат партиите што ќе формираат влада. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување