26 Април, 2024
0.0320

Бизнис секторот нуди насоки за развој на агросекторот

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Развојот на агро секторот е единствено можен со обезбедени инвестиции, континуитет во спорведување на политиките и изработка на дологорчна стратегија. Ова е пораката од реализираната дебата во Стопанската комора на Македонија во рамки на работната средба на претседателот Бранко Азески, со министерот за земјоделство, Трајан Димковски, во присуство на компании од земјоделско прехранбениот сектор.

Земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е еден од најголемите и најважни сектори во домашната економија, со учество од околу околу 10-12% во вкупниот БДП остана релативно стабилен сектор изминатиот период. Заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 14-18%.

Во моментот, согласно податоците од Државниот завод за статистика 860 милиони евра е вкупната вредност на  примарно земјоделско производство, со вредноста на преработки уште околу 400 милиони евра, доаѓаме до близу 13 отсто учество на земјоделско-прехранбениот сектор во вкупниот бруто-домашен производ, што е огромен потенцијал. Тој воедно изрази верување дека токму овој сектор има потенцијал да го удвои ова учество. Тоа ќе го постигнеме со поврзување на целиот систем, наводнување со откупни центри и секако со вклученост на науката, создавање на поволна бизнис клима, и само така ќе го подигнеме земјоделството.


Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значителни затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови. Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка. Но македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција, беше констатирано на работната средба во Комората.

Претседателот Азески посочи дека земјоделскиот сектор иако има значаен придонес во доашната економија досега не бил соодветно третиран. Материјалот изработан од стручната служба на комората за работната средба прествува нов концепт за развој на нов тип на агро секторот и се клучни правци со цел зголемување на продуктивноста во дејноста, посочи Азески.

На трибината присутните стопанственици од агро секторот партиципираа со предлози и сугестии околу одредени прашања кои ги оптоваруваат компаниите. Во делот на млекарството се постави прашање за визијата и плановите на министерството и Владата во насока на зголемување на сточниот фонд и производство на високо квалитетно млеко. Подршка на ваквата иницијатива даде и Златко Најдовски, Евромлекара-Скопје кој воедно го постави прашањето за увоз на млеко од Турција преку автономна мерка, со цел да се одговори на потребите на компанијата, како за домашен пазар, така и за извоз, пред се во Руската Федерација, со која Евромлекара има договори.

Земјоделството е важен сектор, го држи народот на земјата. Состојбата во моментот е драматична. Имаме климатски промени со големи удари на земјоделското производство. Оттука, се наметнува потреба за интензивно вложување пред се во делот на наводнувањето. Истовремено, потребни се вложувања во преработувачките капацитет, конкретни мерки за финансирање во земјоделството, а комуникацијата помеѓу комората, владата и земјоделците да биде постојана, беа пораките од Минчо Јорданов, што е всушност и порака од бизнис секторот.

Потребна е стратегија за развој на агросекторот, особено во делот на сточарството, кој е пак основа за развој и на преработувачката индустрија. Треба да се постави лимит во делот на фармерството и подржат професионалните фармери, сметаат одредени стопанственици.

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и  храна, Вјекослав Танасковиќ упати апел до бизнис секторот за поддршка на науката преку стипендирање на завршен кадар и заедничко учество во проекти  а со цел задржување на младите луѓе во земјата.

На работната средба беше констатирано дека, создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на земјата, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективни пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот.

На Македонија и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари. Предлог-Буџетот за оваа година за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство. Најголемиот дел од предвидените средства се наменети за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција преку која што се исплаќа финансиската поддршка за земјоделството преку директните плаќања од Програмата за рурален развој и ИПАРД Програмата. Се планира во насока на инвестирање на модерно земјоделство, со конкурентни производи и цени на странските пазари. Овој тип на поддршка има за цел отворање /рестартирање на преработувачки капацитети во државата, пласман на финални производи со додадена вредност,  подобрување на капацитетите во руралните средини и овозможување услови за развој на руралниот туризам, задржување на традиционалното селско семејство и негова поддршка за инвестирање во змјоделството, поддршка и поттикнување на земјоделско здружување и промоција на македонските земјоделски производи, инвестиции во примарното земјоделство и промоција на органска фарма.

Еден дел од буџетските средства се наменети за развој на инфрастукурните капацитети за развој на земјоделството (инвестиции во системи за наводнување, во модерни мелиоративни системи насекаде низ државата, изградба на брани, регулирање на водни корита итн.). Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да во еден догледен перод може да се видат резутатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација  кон климатските промени (како во растителното производство, така и во анималното), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и бидиверзитетот во државата.

Материјалот, изработен од страна на стручната служба на Комората, беше разгледан на седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Истиот од страна на компаниите беше оценет како стратешки и визионерски за секторот и како таков има силен развоен правец доколку истиот биде прифатен од надлежните институции. Предлозите на претставниците од агросекторот беа поддржани, со сугестија истите да се дополнат во делот на географско потекло, етикетирање и промовирање на производите, за што словенечкиот модел беше посочен како успешен пример за решавање

Претседателот на Стопанската комора на Македонија на крајот од работната средба истакна дека со организација на еден ваков настан се постигна целта-дебата за еден сериозен сектор. Цел е преку постојана комуникација со ресорното министерство и Владата на РСМ, да се достават предлози за развој на секторот со цел зголемување (дуплирање) на БДП во клучните сектори.

Во пресрет на идните политички случувања, комората ќе излезе со свои економски програми и определби, и овој пат ќе побара одговор од политичките партии во земјата колку тие се подготвени да ги подржат барањата на бизнис заедницата и исполнат нивните барања.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“