08 Мај, 2024
0.0237

Бизнисот загрижен за несигурната иднина: Светските банки се селат од Лондон во Франкфурт

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Некои од најголемите банки во светот одлучија да изнајмат повеќе канцелариски простор во Франкфурт, зголемувајќи го влијанието на германскиот финансиски центар, пишува Ројтерс. Одлуката беше донесена по неколкумесечните преговори за Брегзит меѓу Велика Британија и Европската унија, што ја направи иднината на Лондон посигурна од кога било.

Голдман Сакс ќе изнајми 10.000 квадратни метри канцелариски простор во новата зграда Мариентур во Франкфурт. Ова е една од најголемите победи во градот откако беше објавено дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Банката ќе ги окупира осумте последни катови од 37-катната кула, која во моментов се гради. Ќе има простор за илјада вработени, објаснува еден извор запознаен со предметот.

Морган Стенли, исто така, потпиша договор за закуп на канцелариски простор во кулата Омнитрам, која исто така се гради. Банката има 200 вработени во Франкфурт и експертите очекуваат оваа бројка да се удвои. Банката одби да коментира.

JP Morgan исто размислува да ангажира два дополнителни ката во висока кула во центарот на германскиот град, од која во моментов користи пет спрата. Во моментов, банката има 450 вработени во Франкфурт.

Од Ситигруп велат дека ќе ги прошират своите операции во градот со додавање на 150 вработени. Планот е внатрешно проширување на сегашната зграда на банката наречена Веле, која се наоѓа во близина на оперската куќа во Франкфурт.

Проширувањето на операциите на банките во Франкфурт и претстојното повлекување од Лондон е резултат од растечката загриженост за иднината на лондонски финансиски центар покрај бавните и жестоки преговори помеѓу британскиот министер за прашањата за Брегзит Дејвид Дејвис и главен преговарач од името на Европската комисија Мишел Барние.

Иако некои лондонски политичари се скептични дека банките ќе преместат многу од нивните операции, банките во Лондон Сити сметаат дека е итно да се делува.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување