26 Април, 2024
0.0264

Блескавата национална награда “Автомобил на годината” официјално доделена на брендот DACIA за моделот DUSTER

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

По 23-пат Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време на свечената манифестација во винаријата Камник на која присуствуваа бројни гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот DACIA за најновиот модел на DUSTER. Претседателот на стручното жири по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито - г-динот Горан Антевски му го предаде признанието на г-динот Жељко Барбарич - менаџер за продажба на групацијата Renault за регионот Адриатик.

„ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост. Секогаш е тешко да се одбере најдобриот во сегментот на пазарот што постојано расте, но моделот Dacia Duster не е само уште едно СУВ возило. Тоа е автомобил што сигурно ќе ги задоволи личните, семејните па дури и бизнис потребите. Dacia Duster се издвои според критериуми што се особено важни за македонскиот пазар, како што се адекватност и понуда на домашниот пазар, каде Dacia Duster ја направи решавачката предност.” – изјави г-динот Горан Антевски

При преземање на наградата г-динот Барбарич изјави: “За Renault групацијата 2017 – та година беше исклучително важна. Алијансата со NISSAN се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво. Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа. Со модели како што е новиот Dacia Duster и вакви партнери во Македонија како Аутомотив Груп сигурен сум дека пред нас се нови рекорди.“ За време на свечената манифестација беше доделено и признанието „Томислав Билљарац“ за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија на Владимир Воиновски од Еуроимпекс. 

Блескавата национална награда “Автомобил на годината” официјално доделена на брендот DACIA за моделот DUSTER


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“