13 Мај, 2024
0.0246

Блокчејн - Финансиска еманципација или продлабочување на нееднаквоста?

Објавено во: Економија 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Блокчејн технологијата како и многу други иновации се презентираат како решение за клучни општествени проблеми, ветувајќи финансиско ослободување на луѓето, поголема транспарентност и сузбивање на корупцијата и унапредување на услугите. Но, како и со секоја примена на нова технологија, така се исцртуваат и јасните нееднаквости меѓу развиените и земјите во развој.

Со одлични информации располага Ева Јованова, која работи во блокчејн компанија во Лондон со фокус на иновации во енергетиката, а нејзина специјалност се регулативите и прифаќање на блокчејн технологијата. Како што вели Јованова, блокчејн го менува светот, но неопходна е поголема едукација и информирање на корисниците и населението за користа, трошоците и целите на блокчејн проектите.

Новата Веб 3 технологија делува многу идеалистички од аспект на нејзината примена во децентрализација и демократизација на системи и процеси. Колку досегашниот развој ги оствари овие замисли?

ЈовановаГенерално може да се подели Веб 3 технологијата на два дела и не нужно вклучува токени или коини. Од финансиски аспект многу повеќе ветува уште од самиот почеток за земјите во развој, а додека од инфраструктурен и шпекулативен аспект повеќе ветува за земјите кои се веќе развиени.

Инфраструктурни проекти во Веб 3 технологии има многу, јас работам во енергетскиот сектор на делот за Веб 3 политики и регулации и можам да потврдам дека во развиените земји таа технологија се применува за многу различни работи, почнувајќи од енергетика, јавни набавки, осигурување, катастарски услуги и слично, но тие инвестиции се многу поскапи и затоа финансискиот сектор е многу повеќе прифатен од земјите во развој.

Што овозможуваат блокчејн, криптовалутите, и de-fi апликациите од аспект на финансиско еманципирање на поединците, компаниите и инвеститорите?

ЈовановаИдеалистички гледано оваа технологија е замислена како начин населението кое нема пристап до банкарски услуги да добие таков пристап или населението кое има пристап само до многу лоши, неповолни услови за банкарство со кредити со многу високи каматни стапки да може лесно да добие пари на заем.

Сега за сега на тој начин се применува пред се во земјите во развој, особено во Африка и Латинска Америка. Додека пак, на Запад повеќе се инвестира во протоколи и de-fi (децентрализирани финансии) производи од шпекулативен аспект.

Дали оваа технологија има изгледи да се примени и во Македонија, колку постои капацитет од аспект на експерти, приватен сектор и образованието и слух и желба од страна на државните институции?

ЈовановаАпсолутно може и треба да се примени оваа технологија во Македонија. Но, мора да се почне од установите кои се занимаваат со регулација на Веб 3 технологија, бидејќи без фер регулативни рамки постои секогаш опасност дека оваа технологија ќе се примени за злоупотреби и измами како што се случувало во минатото. Не постои тело од кое може да се побара заштита за можните штети и одговорност.

Исто така е важна едукацијата за сите учесници кои ја применуваат оваа технологија, а потоа и за населението затоа што со се поголемата софистицираност на блокчејн проекти и цели толку е и поскапа оваа технологија и затоа треба сите да бидат добро информирани. 

Како е да се гради кариера во блокчејн индустријата, колку е важна финансиската писменост и едукација на тој пат. Колку волатилноста на криптовалутите може да биде ризик за инвеститорите, особено за тие кои не се доволно информирани?

ЈовановаМногу е интересно е да се гради кариера во овој сектор и едноставно увидов дека оваа технологија ќе го промени светот и не можев да оддолеам на можноста да се вклучам професионално.

Се повеќе и повеќе оваа технологија нема да биде волатилна или волатилноста на одредени коини нема да влијае врз расположението на различни инвеститори и бизниси бидејќи како што напоменав во одредени сектори има инхерентна примена и корист, додека кај поединечните инвеститори досега знаеме за неколку големи кризи од кои што инвеститорите се изгореле. Јас мислам дека како и со други финансиски инструменти треба да се има одредена доза на скепса.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот