14 Мај, 2024
0.0283

BMW 320d во целост ги почитува сите законски барања: Германска федерална служба за моторен транспорт

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Германската федерална служба за моторен транспорт (КБА) пред извесно време ги објави резултатите од тестовите извршени врз BMW 320d и потврди дека испитаното возило во целост ги почитува сите законски барања. Тестовите беа извршени по критиките за вредностите на емисиите во декември 2017 година од лоби-групата за животната средина „Deutsche Umwelthilfe“ (Акција за животната средина Германија).

Клаус Фрулих (Klaus Fröhlich), член на управниот одбор на BMW AG одговорен за развој, објасни: „Како принцип, возилата на групацијата BMW не се манипулирани и ги почитуваат сите соодветни законски барања. Нашите дизел мотори се чисти. Јавноста и креаторите на политики можат да бидат сигурни во тоа – а, пред сè, исто и нашите потрошувачи и вработени“.

Наодите на последните тестови на KBA уште еднаш го потврдуваат тоа што повеќепати беше докажано со бројни официјални ревизии спроведени од светски надлежни органи: Групацијата BMW нема никакви незаконски активности или какви било технички одредби што влијаат врз модусот на тестот за регистрирање на емисиите.

Ова, секако, се однесува и на неодамна критикуваниот BMW 320d – што се докажува и со резултатите од деталните испитни платформи и тест возења. Во однос на возилата на групацијата BMW, TÜV Süd уште во 2015 година потврди: „Вредностите на NOx(...) за сите тестирани возила се во рамки на технички објаснивата и очекувана толеранција и, според мислењето на TÜV SÜD, покажуваат многу робусна вредност на емисиите“. Конкретно, ова значи дека ефективноста на системите за контрола на емисии потребни за третман на издувниот гас во целост го одразуваат типичното возачко однесување на потрошувачите. Нема никаква интервенција што би можела да влијае врз емисиите на возилата.

Резултатите од тестот на КБА исто така укажуваат дека вредностите на емисиите што ги критикуваше „Deutsche Umwelthilfe“ биле резултат на изнудени возачки ситуации и погрешно спроведување на тестовите и следствено на тоа не се репрезентативни. Фрулих: „Наодите од тестовите на КБА многу јасно покажуваат дека испитаното возило не било манипулирано. Поради тоа сметаме дека процедурата усвоена од ’Deutsche Umwelthilfe‘ е непрофесионална и нејзините резултати се безначајни“.

Можеби ќе ве интересира

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот