26 Април, 2024
0.0268

Богата унгарска книжевна литература на Саемот на книгата

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата кој ќе се одржува од 8 до 14 мај во ВИП Арена Борис Трајковски.

Во соработка со Скопски Саем,Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусотна 31-от Меѓународен саем на книгата во Скопје. Како земја во фокус, Унгарската амбасада во Скопје на посебен штанд ќе ги претстави унгарските книжевни дела објавени на македонски јазик во последниве години. Она со што може да се пофали оваа земја, е богатата книжевна литература, со многу наградувани автори и литературни дела, кои можат да се најдат на полиците за книги ширум светот, а токму на саемот на книга публиката ќе има можност лично да се сретне со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов.

„Во 2019 година ја славиме 25 - Годишнината од постоењето на билатерални дипломатски односи меѓу Унгарија и Северна Македонија. Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија одлучи да ја прослави годишнината од четврт век со низа културни настани, со цел Унгарија и унгарската култура да се доближат до македонските граѓани преку литература, музика, танц, фотографија, гастрономија и научни сознанија. Унгарија е модерна, креативна земја која ги почитува традиционалните вредности и ја промовира културната разновидност. Се надеваме дека низата настани може да дадат нов поттик за нашите билатерални односи и да придонесат за проширување на културната соработка.“ - изјавиjaод амбасадата на Унгарирја во Република Северна Македонија

За време на саемот, покрај врвните унгарски книги, ќе бидеизложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.

Работното време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот. 


Можеби ќе ве интересира

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста