Богатите имаат уште повеќе пари во време на пандемија
Објавено во: Економија 20 Декември, 2020
Светските милијардери годинава побогати за уште 1,9 милијарди долари.
Тие годинава станаа побогати за 1,9 милијарди долари, покажуваат најновите проценки на американскиот магазин „Форбс“.
Ако се погледне кумулативниот раст на богатството, кинеските милијардери се на врвот на листата. Нивното вкупно богатство се зголеми за 50 милијарди долари во 2020 година. На второ место се најбогатите луѓе во САД, чие богатство годинава е зголемено за 650 милиони долари, достигнувајќи така вкупен износ од 2 милијарди долари.
Годината во заминување беше најповолна за Елон Маск, шефот на „Тесла“ и „Спејс екс“, кој заработуваше 110 милијарди долари годишно. Со богатство од 137 милијарди долари, овој претприемач го зазеде третото место на листата на најбогати луѓе во светот. Милијардерите од Франција го зголемија својот капитал за 95 милијарди долари оваа година, на 500 милијарди долари, позиционирајќи се на третото место во кумулативниот раст на богатството, зад Кинезите и Американците.
Од друга страна, сиромашните земји се соочуваат со криза и екстремна сиромаштија поради пандемијата.