03 Мај, 2024
0.0286

Богоевски за Морина: Одлуката е донесена под политичко влијание

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓанскиот активист и поранешен пратеник Павле Богоевски оценува дека скопскиот кривичен суд под политичко влијание одлучил поранешниот припадник на ОВК Томор Морина не треба да се испорача на Србија.

-Ова е погрешен тип на политичко влијание врз судството. Се' додека имаме високи владини претставници, вицепремиери и градоначалници кои однапред го наведуваат судството во која насока треба да одлучува - нема да имаме судство-напиша еден од водачите на Шарената револиција на својот Фејсбук профил.

Тој напоменува дека скопскиот кривичен суд „пресече дека не се исполнети условите за есктрадиција на Томор Морина, поранешен висок претставник на ОВК“ , истакнувајќи дека лицето кое се бара со меѓународна потерница на Интерпол, нема да им биде предадено на властите кои го бараат.

„Да појаснам, во поглед на прашањето Србија/Косово, го поддржувам правото на самоопределување и независноста на Косово (став кој официјално го дели и нашата држава).

Но, како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото?-пишува Богоевски кој беше дел од владеачката коалиција.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје1 одлучи дека не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Скопје по прегледот на документацијата во барањето и ценејќи ја досегашната пракса и меѓународно право.

Тоа решение, заедно со документацијата, е проследено до Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој може да го потврди или поништи. До правосилноста на таа одлука Морина ќе остане во екстрадиционен притвор во Скопје, во кој се наоѓа од 25 јули.

Морина беше приведен на 24 јули на граничниот премин Блаце од Косово по потерница на Интерпол.

Таа потерница е издадена на барање на српските власти кои Морина го бараат поради сомнение дека како припадник на ОВК направил злочин над цивилносто население на Косово пред 20 години.

Барањето на Србија за екстрадиција на Морина Министерството за правда на Македонија на скопскиот кривичен суд му го достави во понеделнкот на 5 август.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ