03 Мај, 2024
0.0283

Богојески: "Партизанско" востание во СДСМ?

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе се зголеми ли сега притисокот врз Мицкоски за реформи во ВМРО-ДПМНЕ или пак ќе се почувствува удобен во фотелјата дека ја води партијата во права насока со победата во "македонските" средини иако ги загуби изборите со кандидат за претседател како Силјановска Давкова? Обидите за внатрепартиска промена беа задушени со разрешување на "реформаторите", а одамна и фракциите се игнорирани. Што може ВМРО-ДПМНЕ да направи за да ги освои неопределените гласачи, има ли капацитет за расчистување со криминалот и корупцијата, има ли простор за наоѓање албански партнер, има ли замена за фолклорната реторика без суштина и идеја за иднината? За овие дилеми разговараме со Петар Богојески, реформатор и поранешен заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Фактор: Кои се главните пораки до партиите кои ги упатија граѓаните и гласачите на претседателските избори и што може да научат власта и опозицијата за следните политички соочување?

Богојески: Исклучиво интересни избори, со многу јасни пораки. Се разбира за оние кои знаат да читаат, без пристрасност и емоции!

Првата е македонска порака кон ЕУ. Покажавме дека знаеме да промовираме стабилност и да донесуваме одлуки, да си ја штитиме државноста. Покажавме, сите од Македонија, политички партии и поединци, дека сме посветени на европскиот процес. Сега е на потег ЕУ!

Втората порака е “охридска порака” кон ВМРО ДПМНЕ. Ако останеме во оваа кал и со овие политики, реторика и овој тим, ние ќе доживееме пораз на следните парламентарни избори во 2020 година. Резултатот во Охрид го покажува реалниот сооднос помеѓу нас и СДСМ. Дотолку повеќе што СДСМ последниве години спроведуваше премногу непопуларни политики и го смени името на Републиката. Ако во вакви услови изгубивме избори, тогаш не сакам да помислам што ќе биде, ако мрзливата Влада нешто навистина сработи. А можно е да има позитивни движења, не како резултат на работата на Владата, туку по инерција, поради влезот во НАТО.

Третата порака е “партизанско востание” во СДСМ, поради “бугарскиот договор”. Предводено од еден поранешен лидер на СДСМ, тоа востание пренесе околу 60.000 сдсмовски гласови, на контото на неспорната “партизанка” Гордана Силјановска Давкова. До сега Заев беше “лидер под кирија” во СДСМ. Сега му се отвори пат да ја “преземе” партијата. За жал, огромен број на вмровски гласови, ги нема на истото тоа конто. Да не зборувам за неопределените. Тука одговорноста стои во нашето раководство.

Фактор: Како понатаму ќе делува ВМРО ДПМНЕ кое освои доволно гласови што покажува дека директно против СДСМ има поголема поддршка кај македонските гласачи, но и не капацитет за албански коалиционен партнер. Има ли опозицијата визија за иднината?

Богојески: Со оваа тврдоглавост, оваа кратковидост, ВМРО ДПМНЕ изгуби се! Изгубивме парламентарно мнозинство, Влада, Претседател на Републиката, сите Градоначалници...

Буквално се!

Ќе се опаметуваме или ќе седиме уште долго во опозиција?!? Реформите во ВМРО ДПМНЕ имаат концепт, како до голема победа на парламентарните избори ‘20 година. До нас е!

Реформите ќе овозможат меѓународна подршка, а со тоа и коалиционен капацитет со “албанските партии”, во време на вакво општество на колективитети. Тоа е прв предуслов за евентуална можност да формираме Влада во 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите