02 Мај, 2024
0.0259

Борисов потиштен: Парламентот ја прифати оставката

Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Со речиси целосна едногласност пратениците од 43-тото Национално собрание ја прифатија оставката на вториот кабинет на Борисов. 

За распуштање на владата гласаа 218 пратеници, а двајца од ГЕРБ беа воздржани. Никој не беше против.

За време на дебатата во пленарната сала, која траеше околу два и пол часа, стана јасно дека со исклучок на реформистичкиот блок, сите други се против ГЕРБ. Дури патриотски фронт, кој успеа да издејствува од Борисов редица отстапки, се огласи против политиката на владата, пишуваат бугарските медиуми.

Копретседателот на ПФ Валери Симеонов го обвинил Борисов во обид за директно мешање во работата на Собранието. Засегната беше социјалната политика на кабинетот, која според претставниците на ПФ била недоволна. Тие бараат двојно зголемување на минималната пензија до 300 лева.

Борисов не очекувал дека ќе издржи две години

Во моите најоптимистички предвидувања не мислев дека ќе издржиме две години. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов пред парламентот, откако ја понуди оставката на кабинетот за гласање. „Мислев дека ќе биде една година“, рече тој и го објаснил песимизмот со миграциската криза, војните и бугарски парламент.

„Моравме да правиме голем број компромиси - со една, со втора, со трета партија. Само јас си знам како ми беше овие две години“, додал премиерот.

Борисов им предложил на ДПС и БСП, кои според него ги добилепретседателските избори, да одржат консултации со претседателот Росен Плевнелиев и неговиот наследник Румен Радев и да формираат службен кабинет, кој ќе управува до предвремените избори.

Тој ги повика новите контроли да не се поднесуваат на популизмот и да објаснат на луѓето какви ќе бидат реалните последици од воведувањето на одобрените промени во изборните правила.

Премиерот вети дека кабинетот во оставка ќе продолжи да работи нормално до назначувањето на службената влада и ќе обезбеди непречена транзиција.

Читајте и за ова :

ЗАМИНУВАЊЕ НА БУГАРСКИОТ БЕТМЕН: 7 работи кои не ги знаевте за Бојко Борисов

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“