Божиќните базари - предизвик за безбедноста
Објавено во: Свет 20 Декември, 2016
Јавните простори веќе не се сметаат за сигурни.
Оваа година во Франција годишниот Божиќен базар во Стразбур ги отвора вратите под засилени мерки за безбедност. Наместо сјајот на празничната декорација и 30-метарската елка на централниот плоштад, властите го оставија местото речиси без ништо, пишува New York Times.
Пред да стигнете до базарот, мора да поминете низ еден од 15-те премини кои го опкружуваат центарот на градот. Забрането е движењето на возила по улиците во близина на базарот, а најблиската трамвајска станица е привремено затворена.
Во времиња во кои терористичките напади станаа премногу чести, јавните простори веќе не се сметаат за сигурни. Празнувањата во Германија, Австрија и Швајцарија порано беа многу раскошни и привлекуваа туристи.
Имало барем девет напади или обиди за напад во Германија во 2016 година, како и во најмалку пет други европски земји: Франција, Италија, Германија, Русија и Србија.
Овие напади вклучуваа од бомби до обезглавување. Извршителите беа и млади и стари.
Вонредната состојба во Франција е во сила од нападите во ноември 2015 година во и околу Париз, кога загинаа 130 лица.