02 Мај, 2024
0.0267

Брат и сестра ќе делат безмалку 400.000 евра од дивиденда, кои се тие?

Објавено во: Економија 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

По предлогот за исплата на дивиденда во „Реплек“ која изнесува 3.998 денари нето по акција братот и сестрата Туџарови ќе добијат околу 400.000 евра дивиденда за нивните 23 отсто акции во оваа реномираната македонска компанија што се занимава со трговија со фармацевтски производи и медицинска опрема

„Реплек“ ќе исплати 2 милиони евра дивиденда (со вклучен персонален данок) на своите акционери, пишува во предлог одлуката што ќе ја гласаат акционерите на претстојното акционерско собрание на таа компанија закажано за 8 април годинава.

Според предлогот „Реплек“ за секоја акција ќе подели дивиденда во бруто износ од 4.704 денари односно нето износ од 3.998 денари за акција. Од тековната добивка за ланската година се обезбедени 1,32 милиони евра, а уште 519.000 евра се од акумулирана добивка од 2017 година, а уште 140.000 евра се од законски резерви.

Кои се најдобитни домашни акционери?

Најмногу од дивиденда , од домашните акционери, ќе се офајдат ќерката и синот на поранешниот долгогодишен директор на „Реплек“ Душан Туџаров, а тоа се Славица Туџарова Трајковска и Иван Туџаров. Трајковска – Туџарова за своите 11,57 од акциите со право на глас ќе добие 195.000 евра дивиденда, а нејзиниот брат Иван Туџаров, воедно и претседател на Управниот одбор на компанијата, ќе добие нето износ од 192.400 евра за своите 11,42 отсто од акциите во „Реплек“. Акциите кои ги поседуваат братот и сестрата се подарок од нивниот татко кој долги години успешно го водеше „Реплек“.

Освен Туџарови значајни износи од дивиденда ќе добијат и Отворениот задолжителен пензиски фонд на „Сава осигурување“ кој за своите 7,13 отсто од акциите ќе земе 120.100 евра и скопската компанија „Ситко Антонио“ ДООЕЛ која за своите 6,1 отсто ќе добие 102.800 евра.

Поединечно гледано најмногу пари од дивиденда ќе земе најголемиот поединечен акционер на „Реплек“, а тоа е странски државјанин Душан Пецовски кој поседува 11,92 отсто од акциите и за нив ќе добие 200.000 евра. Неговиот син Владимир Пецовски поседува 5,79 отсто од акциите и за нив ќе добие нешто помалку од 98.000 евра.

„Реплек“ има уште 255 домашни физички лица мали акционери кои поседуваат 44,5 отсто од акциите и по претстојното собраните ќе поделат  750.000 евра.

Последната пазарна цена на акцијата на „Реплек“ на Македонската берза е 73.502 денари. Приносот од нето дивиденда на овој влог е 5,44 отсто на вложеното. Тоа е значајно подобар принос од вложување во банкарски депозит или штеден влог.

Според официјалните податоци од берзата „Реплек“ за работењето во 2017 и во  2016 година на своите акционери им поделил вкупно 122 евра дивиденда.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?