Бразил не може да се справи со пожарите?
Објавено во: Свет 22 Август, 2019
Владата во Бразил има недостиг од средства за борба против шумските пожари во Амазонија.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ова го изјави денеска и додаде дека сателитските снимки покажале дека прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година се зафатени од рекорден број пожари.
Тој исто така негираше дека некогаш рекол дека невладини организации ги подметнале пожарите во шумите, укажувајќи дека зборувал само за лично сомневање.
Медиумите претходно објавија дека Болсонаро изјавил дека невладини организации ги подметнуваат пожарите во Амазонија, со цел да ја дискредитираат неговата Влада откако им ги намалил финансиите.
Бразилската вселенска агенција неодамна објави дека бројот на пожари во Амазонија е зголемен за 83 отсто во однос на лани.
Активистите, пак, тврдат дека неговите коментари се апсурден обид да го оттргне вниманието од проблемот за невниманието кон шумите.