БРЕГЗИТ УДРИ ВРЗ ЗДРАВСТВОТО: Британија плаче за медицински сестри
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2017
Бројот на кандидати за работа како медицински сестри во Велика Британија е намален за 96% по гласањето за Брегзит, пренесуваат британски агенции.
Бројките покажуваат дека бројот на кандидатите од Европската унија опадна драстично од 1304 во јули минатата година до едвај 46 во април 2017 година.
Тоа ќе покаже сериозен притисок врз и онака силно зафатениот здравствен систем на Велика Британија, која веќе чувствува недостиг од 30 илјади медицински сестри само во Англија.