Брисел даде „зелено светло“ за трговските преговори со Велика Британија
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2017
Лидерите на ЕУ дадоа "зелено светло" за подготовките за трговски разговори со Лондон. Ова го изјавил претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време на самитот во Брисел.
Европската унија дава "зелено светло" за отпочнување на внатрешни подготовки за трговски разговори со Лондон. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, за време на самитот во главниот град на Белгија.
Веднаш потоа, тој напиша на Твитер:
"Лидерите на ЕУ даваат зелено светло за да се подготват за втората фаза од разговорите за Брегзит".
Вчера и денес шефовите на државите членки на блокот дебатираат дали во преговорите досега е постигнат напредок, кој овозможува започнување на разговори за трговска зделка по разводот меѓу Лондон и Брисел. За време на првата фаза двете земји се обидуваа да се договорат по три прашања: за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, за правата на граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија и за оние на Британците кои живеат во држави од заедницата, и за големината од износот што Лондон мора да го плати за напуштање на ЕУ.
Официјалните преговори меѓу Лондон и Брисел за условите според кои Велика Британија ќе излезе од ЕУ, започнаа на 19 јуни во белгиската престолнина, речиси една година по референдумот за прашањето во Велика Британија, на кој со резултат од 51,9% победија противниците на евроинтеграцијата.
Преговорите треба да продолжат до ноември 2018 година, по што земјите ќе имаат половина година за ратификација на договорите постигнати во националните парламенти.