13 Мај, 2024
0.0245

Британија воведува најниски даноци во Г20, Европа е против

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Велика Британија планира да ги воведе најниските корпоративни даноци меѓу земјите од Г20. Ова беше соопштено од премиерот Тереза ​​Меј за време на состанокот со британскиот бизнис сектор и најверојатно ќе биде потврдено за време на традиционалниот „есенски извештај“, каде што што Владата официјално се среќава со водечките претставници на бизнисот.

Меј изјавила дека не само што планира да го намали корпоративниот данок, но и да го направи „длабоко про-иновативен“.

Се смета дека владата ќе го намали данокот за бизнисот повеќе и побрзо од очекуваното. Во моментов стапката е 20%, како што се очекуваше до 2020 година да се намали до 17%. Неодамна, сепак се проговори дека британските корпоративни даноци можат да станат пониски дури и од 15-те проценти, ветени од Доналд Трамп на Американците во пресрет на претседателските избори во САД.

Тоа е уште еден знак за желбата на британскиот премиер да ги подобри односите со бизнисот, откако стана јасно дека Владата се откажува од плановите да постави работници во управните одбори на компаниите.

Како дел од „есенскиот извештај“ оваа среда Меј ќе објави доделување на 2 милијарди фунти годишно за истражување и развој до крајот на мандатот на сегашниот парламент. Целта е Британија да стане светски лидер во областа на науката и технологијата.

Министерот за финансии Филип Хамонд исто така ќе го искористи случајот за да објави дека акцизата на горивата нема да се зголемува, а Владата се обврза да вложи 1,3 милијарди фунти во патни и железнички проекти. Тој често е критикуван дека е „безмилосно негативен“за Brexit по тврдењата дека земјата ќе се соочи со „невидена неизвесност“ откако гласаше за напуштање на ЕУ.

Откако стана премиер Меј ја пресретна острата реакција на бизнисот по идејата да ги стави работниците во управните одбори на компаниите, желбата да се ограничат платите на менаџментот и планот да ги натера компаниите да објавуваат колку странци планираат да вработат, од кој подоцна се откажа.

Во својот говор пред Конфедерацијата на британската индустрија премиерот даде до знаење дека сака да ги поправи работите, велејќи дека Британија може да напредува по Brexit само со помош на претприемачите.

Сепак, за време на „есенскиот извештај“ Меи планира да ги потсети дека „треба да играат според правилата“, а не да продолжуваат со пристапот „бизнис како и обично“, кој предизвика сериозно јавно незадоволство поради политиката на некои шефови на компании.

Европските политичари сепак воопшто не се согласуваат со соло акцијата на Лондон и масовните корпоративни даночни олеснувања. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја предупреди Велика Британија дека додека е член на ЕУ, мора да ги почитува општите правила на блокот.

„Велика Британија се уште е член на Европската унија, така што тие се обврзани со европското законодавство“, изјави Шојбле, откако беше прашан дали плановите на Велика Британија да го намали корпоративниот данок може да предизвикаат нелојална конкуренција во другите земји од блокот.

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ДАЛИ НАЈПОСЛЕ ЌЕ ИМА ВИСТИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА?: Мајкрософт подготви ривал за Google Play Store и App Store

ДАЛИ НАЈПОСЛЕ ЌЕ ИМА ВИСТИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА?: Мајкрософт подготви ривал за Google Play Store и App Store

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ: Швајцарија собори два рекорда со победата на Евровизија, ама еден не е за пофалба

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ: Швајцарија собори два рекорда со победата на Евровизија, ама еден не е за пофалба